Традиционален дипломатски тениски турнир

05 октомври 2020

По повод одбележувањето на националниот празник „11 Октомври“, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, вчера го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб-Евросетво Скопје, со почитување на сите епидемиолошки мерки и препораки кои ги предвидува Министерството за здравсто на Северна Македонија.

На турнирот учествуваа дипломати од дипломатските мисии на Франција, САД, Кина, Романија, Словенија, Хрватска, Германија, Босна и Херцеговина, Полска, Обединетото Кралство на Велика Британија, Романија, ЕУ, ОБСЕ, ЕБРД, Кабинетот на Претседателот на државата, претседателот на Владата и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

По завршувањето на Турнирот беше организирана и пригодна церемонија на врачување на наградите за учесниците. Реализацијата на турнирот беше овозможена со несебичната поддршка од пријатели на мнистерството како: Амбасадата на Франција и Францускиот културен центар, фармацевтската компанија Алкалоид, винаријата Тиквеш, Пивара Скопје, Порше Македонија, Делегацијата на Европската унија во Скопје и Тенискиот клуб-Евросет.