Цврсто верувам дека нашиот развој и безбедност се возможни само преку стремежот да изградиме модерно демократско општество, како дел од евроатлантското семејство. Предвидливата иднина за сите нас е возможна со надворешна политика која е конструктивна и конзистентна. Таквиот пристап е неопходен за да ја продолжиме да ја испишуваме нашата модерна, европска приказна - пред сѐ за генерациите кои допрва доаѓаат.
Нашите стратешки интереси претставуваат нераскинлив дел од суштината на нашата надворешна политика: Полноправно членство во Европската Унија, како севкупен придонес кон безбедност, стабилност и просперитет на целиот континет; продлабочување на стратешкото партнерство со САД и останатите НАТО сојузници; заокружување на процесот на регионалната интеграција, преку негување и унапредување на добрососедските односи, зајакнување на мултилатерализмот, како и поддршка на регионалните иницијативи.
Професионален ангажман:
- 2020 – Министер за надворешни работи
- 2018 – 2020 - Шеф на државната делегација и Главен преговарач со Европската Унија
- 2017 – 2020 - Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања
- 2017 – 2020 - Национален координатор за распределба на странска помош и ИПА фондови
- 2008 – 2011 – Министер за здравство