Одделението за внатрешна ревизија како посебна организациона единица во рамки на министерството кое за својата работа одговара пред министерот,донесува годишни планови за работа и согласно истите ги врши следните активности и задачи:
- Ги следи законската регулатива во областа на внатрешната ревизија во Република Северна Македонија и меѓународните ревизорски стандарди;
- Спроведува контрола на усогласеноста на работењето со законите и подзаконските акти;
- Спроведува внатрешни финансиски ревизии во министерството и претставништвата и подготвува извештаи;
- Ја проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- Ги анализира економичноста, ефикасноста и ефективноста на системите за финансиско управување и контрола;
- Соработува со надлежните институции и органи во државата;
- Подготвува годишен извештај за својата работа;
- Врши и други работи од својот делокруг.