Фатмире Исаки е родена во 1982 г. Во Тетово. Во 2005 г. дипломирала англиски јазик и литература наФакултетот за педагошка и методолошка обука на „Универзитетот на Југоисточна Европа“ (ЈИЕ). Во 2011 година магистрирала англиска книжевност на Филолошкиот факултет на „Државен универзитет“ во Тетово.
Докторанд е на„Филолошки факултет Блаже Конески“ на „Универзитетот Кирил и Методиј- Скопје“.
Во периодот од 2005 -2007 г. работела како професор по англиски јазик во неколку основни училишта во Тетово.Од 2007-2014г. работела во приватно училиште за јазици “Нетинг“. Од 2007 г. работела како професор по англиски јазик и книжевност на Универзитетот во Тетово.
Исаки учествувалa на повеќе конференции, семинари и други стручни и научни собири од меѓународен и национален карактер. Таа е автор и коавтор на повеќе стручни трудови објавени во научни списанија.
Во 2005 г. станува портпарол на ДПА, а во 2006 г. почнува да работи како претседател на форумот на жени во огранокот на Демократска партија на Албанците, во Теарце. Во 2017 г. е назначена за советник во советот на Општина Теарце. Во 2020 г. е назначена за претседател на „Унија на Жените на ДПА“. Истата година ја презема должноста потпретседател на Демократската партија на Албанците, и кандидат за пратеник на ДПА.
Фатмире Исаки збори албански, македонски, англиски и турски јазик.