Информации за влез во Република Северна Македонија


Сите информации за Визниот режим на РСМ се достапни Тука.

Виза за влез во Република Северна Македонија НЕ е потребна за државјаните на Земјите-членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор (истите имаат право на влез во Република Северна Македонија и со важечка лична карта) 


Државјани на трети земји со привремен престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.


Државјани на трети земји со постојан престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.


Државјани на трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку 5 (пет) дена од планираниот престој во Република Северна Македонија можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.


Се укинуваат визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји кои поседуваат важечки британкса, американска и канадска виза, при што должината на нивниот престој во Република Северна Македонија може да биде најмногу до 15 дена, а важноста на важечката британска, американска и канадска виза треба да биде 5 дена подолго од од планираниот престој во Република Северна Македонија. Одлуката е од временски карактер, со важност од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година.

________________________________________________________________________________________________________________________________________________

За носители на патни исправи на ООН не е потребна виза.

Последно ажурирање: 25 мај 2023