Видови Визи за влез во Република Северна Македонија


Видови на визи се:

  • Аеродромска транзитна виза (виза А),
  • Виза за краткорочен престој и транзит (виза Ц)
  • Виза за регулирање привремен престој (виза Д) 

Виза за краткорочен претстој и транзит (виза Ц) во Република Северна Македонија

Потребни документи за виза за краток престој до 90 дена, (виза Ц), односно транзитна виза до 5 дена:

  • важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ
  • документи за (индивидуално или колективно) патничко осигурување (полиса издадена од осигурително правно лице во државата каде што престојува)
  • нотарски заверено гарантно писмо, односно покана од македонско физичко/правно лице
  • доказ дека поседува доволно средства за престојот во РСМ (кредитна картичка/ извод од банка)
  • фотографија (димензии 3,5х 4,5 см) во боја на бела заднина што верно го прикажува ликот на барателот
  • доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на визата
  • уредно и читливо пополнето барање за виза

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 135 за виза за краткорочен престој и транзит  чини - 60 евра, за деца на возраст меѓу 6 и 12 години 35 евра 


Виза за регулирање привремен престој во Република Северна Македонија

За добивање виза за регулирање привремен престој се поднесуваат потребните документи што содејствуваат на видот на визата, по донесување на Решение за привремен престој од страна на Министерството за внатрешни работи.

Привремен престој му се одобрува на странец кој има намера да престојува во Република Македонија заради следниве причини:

  • Работа
  • Школување или студирање
  • Учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти
  • Специјализација, стручно усовршување или практично оспособување
  • Волонтирање
  • Научно-истражувачка дејност
  • Лекување
  • Сместување или згрижување во установи за стари лица
  • Семејно обединување
  • Хуманитарни причини

Привремен престој му се одобрува и на:

  • Странец кој е член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија,
  • Странец кој по потекло е од Република Македонија,
  • Дете на странец родено во Република Македонија или
  • Странец резидент на држава членка на Европската Унија или на ОЕЦД, кој стекнал право на сопственост на стан, станбена зграда и куќа на територијата за Република Македонија под услови утврдени со закон, во износ од најмалку 40.000 евра.
  • Странецот на кого му е дозволен привремен престој за одредена цел, може да престојува во Република Македонија само во согласност со целта заради која му е дозволен престојот и за определено време.
Последно ажурирање: 23 ноември 2020