Директорат за билатерални односи со воневропски држави


Директор: Јасмин Ќахил 

Директоратот за билатерални односи со воневропски држави донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со државите од Северна, Централна и Јужна Америка, Азија, Австралија и Пацификот, Евроазија, Африка и Блиски Исток; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на државата; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и односите во воневропските држави; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг. 


Сектор за Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацифик

Секторот за Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацифик подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со државите од Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за Северна, Централна и Јужна Америка и Одделението за Источна Азија, Австралија и Пацифик.


Сектор за Евроазија, Африка, Блиски Исток и Јужна Азија

Секторотза Евроазија, Африка, Блиски Исток и Јужна Азија подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со евроазиските држави и државите од Африка, Блиски Исток и Јужна Азија;  следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитирани претставништвата на овие работи во Република Северна  Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за Евроазија и Одделението за Африка, Блиски Исток и Јужна Азија. 

Последно ажурирање: 20 јули 2022