Директорат за меѓународно право и конзуларни работи


Директор: Љуфтим Спахиу

Директоратот за  меѓународно право и конзуларни работи донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите и задачите што се однесуваат на меѓународното право ина процесот на хармонизација со правото на Европска Унија, како и на конзуларната заштита; учествува во постапките за усогласување, склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и документи; учествува во унапредување на договорно-правната рамка со други држави и меѓународни организации; го следи развојот и кодификацијата на меѓународното право; врши улога на депозитар на меѓународните договори; ги штити интересите на Република Северна Македонија;обезбедува конзуларна заштита на нејзините државјани и интересите на правните лица во странство; ја следи визната и миграциската политика; ја координира работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за обележување на државната граница  и се грижи за прашања од областа на државните граници; организира конзуларни консултации; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.  


Сектор за меѓународно право

Секторот за меѓународно право подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на иницирање и учество во внатрешно правната постапка за преговарање и потпишување и/или пристапување и/или ратификување на меѓународните договори и документи; предлага ставови и учествува во имплементацијата на Договорот за прашања на сукцесија на поранешната СФРЈ; учествува во работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за сите прашања што се однесуваат на границите и граничните инциденти; го следи развојот и кодификацијата на меѓународното право; го следи и анализира правото на Европска Унијаи неговиот развој и учествува во процесот на усогласување на домашното законодавство и меѓународно правните обврски на Република Северна Македонија со правото на Европска Унија; врши улога на депозитар и репозитар на меѓународните договори; дава правни мислења и совети за прашања од аспект на меѓународното јавно право; предлага ставови и учествува во работата на телата на Организацијата на ОбединетитеНациии Советот на Европа од негова надлежност; ја следи и анализира работата и/или ја координира соработката со Меѓународниот суд на правдата, Европскиот суд за човекови права, Европскиот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд, Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Хашката конференција за меѓународно приватно право и специјализираните судови на Организацијата на ОбединетитеНации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира  и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за меѓународно јавно право, правото на Европската Унија и мултилатерални меѓународни договори и Одделението за билатерални меѓународни договори.


Сектор за конзуларни работи

Секторотза конзуларни работи  подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на заштитата на интересите на Република Северна Македонија;обезбедува конзуларна заштита на нејзините државјани и интересите на правните лица во странство; ги спроведува националната регулатива и обврските од билатералните и мултилатералните договори; ја развива и унапредува конзуларната соработка и пракса; учествува во конзуларни консултации; го организира дежурството во советодавната канцеларија за прием на странки; ажурира конзуларни информации на надворешната страница на министерството; врши конзуларна обука на почесните конзули на Република Северна Македонија;се грижи за воспоставување и развој на системот на „виртуелни конзулати“ во функција на обезбедување конзуларни услуги; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав и претставништвата; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за конзуларни работи за Југоисточна Европа и Одделението за конзуларни работи за европски и воневропски држави.


Сектор за Визен центар

Секторот за Визен центар подготвува годишни планови и извештаи за работата; врши и координира активности и задачи од Националниот визен информациски систем (НВИС), визниот режим и визната политика; ја спроведува и врши надзор врз постапката за издавање визи; ги следи миграциските движења и регулативата во оваа област; го следи визниот режим и визната политика на Европска Унија и учествува во процесот на хармонизирање на националното со европското законодавство; следи, анализира и информира за состојбите во визната и миграциската политика; издава и води евиденција на дипломатски и службени пасоши и визи; учествува во работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за сите прашања што се однесуваат на границите и граничните инциденти; координација со надлежни државни органи при прелети на домашни или странски нецивилни воздухоплови; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата;подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работата; соработува со акредитираните претставништва и со делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав и претставништвата; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за национален визен информациски систем (Н-ВИС), Одделението за визна политика и миграции и Одделението за пасоши, прелети, границии легализација.

Последно ажурирање: 08 септември 2020