Матични Книги


Упис во матични книги

Упис во Матичната книга на родените

Потребни документи за упис во Матичната книга на родените на дете родено во странство чии родители се државјани на Република Северна Македонија:

  • Барање за упис во Матичната книга на родените на Република Северна Македонија, потпишано од двајцата родители. Ако само еден од родителите е македонски државјанин, потребна е писмена согласност од другиот родител;
  • Оригинал извод од Матичната книга на родените за детето, со Апостил печат, доколку земјата е потписничка на Хашката конвенција за легализација;
  • Превод на изводот заверен на македонски јазик (не треба доколку земјата е членка на Виенската конвенција за издавање изводи од Матичната книга на повеќе јазици од 1976 г.).

Упис во Матичната книга на венчаните

Потребни документи за упис во Матичната книга на венчаните на брак склучен во странство:

  • Барање за упис во Матичната книга на венчаните;
  • Важечка лична карта или пасош за идентификација;
  • Извод од Матичната книга на венчаните од другата држава;
  • Извод од Матичната книга на родените (доколку изводот од Матичната книга на венчаните е нецелосен);
  • Превод на македонски јазик заверен во дипломатско-конзуларно претставништво на РСМ на извод издаден на обичен образец

Упис во Матичната книга на умрените

Потребни документи за упис во Матичната книга на умрените на македонски државјанин што починал во странство:

  • Барање за издавање извод од Матичната книга на умрените;
  • Важечка лична карта или пасош на барателот;
  • Извод од Матична книгата на умрените издаден од државата каде што настапила смртта;
  • Легализиран превод на македонски јазик на извод издаден на обичен образец;
  • Спроводница доколку лицето треба да се пренесе во Република Северна Македонија

Прибавување на изводи од матични книги

Прибавување на Изводи од матичните книги (Матична книга на родени, Матична книга на венчани и Матична книга на умрени)

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136 (услуга) чини 12 , вкупно 20 евра,  Тар.бр. 132  (достава од/до РМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра

Последно ажурирање: 31 мај 2023