Спроводница за македонски државјанин што починал во странство се издава во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, од чие јурисдикциско подрачје се пренесува телото на починатото лице.
Потребни документи за издавање спроводница:
- Барање за издавање спроводница:
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија (патна исправа или лична карта или Уверение за државјанство на РСМ);
- Извод од Матичната книга на умрените издаден од државата каде што настапила смртта;
- Лекарски извештај за причината за настанатата смрт (причината за смрт да не биде заразна болест);
- Одобрение (потврда) за пренос на починатото лице од државата каде што настапила смртта;
- Податоци за начинот на пренос на починатото лице (доколку преносот се врши по копнен пат, потребно е издавање спроводница од сите земји низ кои ќе транзитира телото на починатиот);
- Име и презиме на лицето што ќе го придружува починатото лице и копија од патна исправа;
- Доколку починатото лице не е македонски државјанин, спроводницата се издава по добивање согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
- Конзуларна такса
Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 136 (услуга) чини 12 евра, вкупно 20 евра