Имотни листови


Државјаните на Република Северна Македонија, кои времено или постојано престојуваат во Соединетите Американски Држави, Канада, Република Австрија и Република Србија, ќе можат веднаш да добијат имотен лист, преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Детроит, Торонто, Виена и во Белград..

Потребни документи за издавање имотен лист:

  • Молба (се добива во едно од горенаведените дипломатски и конзуларни претставништва), во која освен личните податоци, ќе наведете и податоци за недвижниот имот за кој барате имотен лист, и тоа: име на општина, име на катастарска општина, број на имотен лист, број на катастарска парцела, број на зграда, број на влез и број на посебен дел од зграда (стан, деловна просторија, гаража и друго).
  • Важечка лична карта или пасош или друг документ со фотографија за идентификација (на увид, за лична идентификација и утврдување на државјанскиот статус).
  • Доколку имотот не е во ваша сопственост барањето се поднесува само со оригинал полномошно (од нотар во Република Северна Македонија или соодветно легализирано од ДКП на РСМ или ако е изготвено од странски орган на земја потписничка на Хашката конвенција за легализација заверено со апостил печат). 

Надомест за издавање на имотниот лист:

Конзуларна такса

Услугата согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр. 132  (достава од/до РМ) чини 6 евра за во Европа, за вон Европа 9 евра, плус надомест кон Агенцијата за катастар на недвижности во висина од 150,00 денари во противвредност на домицилната валута. како и банкарска провизија за извршената трансакција.

Напомена: Имотниот лист може да се добие исклучиво во 1 (еден) оригинален примерок.

Последно ажурирање: 23 ноември 2020