Уверение за државјанство на Република Северна Македонија
Државјани на Република Северна Македонија што живеат/престојуваат во странство подолго од шест месеци можат да поднесат барање за Уверение за државјанство во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво.
Стекнување државјанство на Република Северна Македонија
Лица што имаат право на државјанство на Република Северна Македонија можат да започнат процедура за негово добивање во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво. Повеќе информации зa Постапки за стекнување државјанство на РСМ на следниот линк.
Отпуст од државјанство во ДКП на Република Северна Македонија
Државјаните на Република Северна Македонија можат да се откажат од македонското државјанство доколку ги исполнуваат следниве услови:
- имаат наполнето 18 години;
- ги имаат намирено сите свои имотноправни и законски обврски кон сите државни и приватни органи, претпријатија, организации и други правни и физички лица;
- ги имаат регулирано сите свои имотноправни и други законски обврски од брачен однос или однос на родители и деца кон лица што живеат во Република Северна Македонија;
- имаат доставено доказ од надлежен орган дека не е поведена стечајна постапка, односно постапка за престанок на трговско друштво чиј основач или содружник се, или постапка против трговец-поединец, доколку тоа се;
- не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;
- имаат издржано казна затвор дело за кое се осудени;
- имаат доказ за странско државјанство или дека ќе добијат странско државјанство веднаш штом ќе добијат отпуст од македонското државјанство;
Повеќе информации на следниот линк.
Потребни документи за отпуст од македонското државјанство:
- Пополнето барање за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија
- Биографија на подносителот на барањето потпишана лично;
- Извод од Матичната книга на венчаните, доколку е во брак;
- Гаранција дека ќе биде примен во странско државјанство (Согласно ЗАТ - Тар.бр. 131 (барање) чини 8 евра, Тар.бр.145 (услуга) чини 130 евра, Тар.бр.4 (за решение) чини 100 евра, Тар.бр.147 (заверка службен потпис и печат) чини 120 евра , вкупно 358 евра, плус по Тар.бр. 132 (достава од/до РМ) 6 евра за во Европа, а за вон Европа 9 евра);
- Согласност од детето над 15-годишна возраст, доколку барањето за отпуст е за него;
- Согласност од родителите за дете до 18-годишна возраст.
- Во интерес на безбедноста на Република Северна Македонија, поднесеното барање за отпуст од македонско државјанство може да биде одбиено.