Што е важно да знам кога патувам во Европската Унија?


  • Патувајте со сигурни туристички агенции. 
  • Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови. Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.
  • Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).
  • Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата, градот, телефонскиот број и  името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната, на интернет.
Последно ажурирање: 21 декември 2020