Кои документи треба да ги поднесам до подрачната единица на министерството за внатрешни работи за државјанство?


Заедно со барањето (формуларот) треба да ги  поднесете следниве документи:

  • Извод од матичната книга на родените на детето;
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија на родителите;
  • Доколку детето е малолетно, согласност од родителот  кој не е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Лична карта на родителот или старателот;
  • Регулирано полномошно, доколку барањето се поднесува од овластено лице. 

Забележете дека формуларот за запишување и формуларот за согласност се издаваат бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Последно ажурирање: 07 септември 2020