Што е потребно за упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени?


За упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче) потребни документи се:

  • Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
  • Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени од родителите 
  • Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
  • 100 ден. административна такса (Уплатница)
  • Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето.

 

Последно ажурирање: 02 октомври 2020