Информација за медиумите

27 јануари 2020

Согласно информациите добиени од нашето ДКП во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент во нашето ДКП не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот. Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош.

Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани. Нашето ДКП е во постојан контакт со нив.

Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, [email protected]