Директорат за организациони работи


Директор: Борчо Дамјанов

Директоратот за организациони работи донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите што се однесуваат на општи и правни работи, управување со човечки ресурси, едукација и движење на вработените во службата; финансиски прашања, информациско-комуникациски технологии и безбедносни прашања; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи на државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.  


Сектор за правни и општи работи

Секторот за правни и општи работи подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на правни, управно надзорни и стручнооперативни работи; води грижа за остварување на правата и должностите на вработените во министерството и претставништвата; се грижи за законито спроведување на постапките за утврдување дисциплинска и материјална одговорност на вработените; врши контрола врз спроведувањето на постапките во министерството: правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија, јавни набавки, тековно инвестиционо работење и одржување, грижа за имотот во сопственост на министерството, набавка на основни и потрошни средства, преведување, примена на прописите за архивско работење, прием, заведување и дистрибуција на материјали, административно технички работи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за правни работи и јавни набавки, Одделението за општи работи и имотни прашања и Одделението за преведување. 


Сектор за управување со човечки ресурси и едукација

Секторот за управување со човечки ресурси и едукација подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на следење и примена на законите и другите прописи поврзани со човечките ресурси; подготовка на програма за развој на човечките ресурси; планирање на движењето на вработените во службата; спроведување на постапките за вработување, оценување и упатување на вработените во претставништвата; подготовка, координација и спроведување на програма за едукација; упатување на вработените на дипломатска и друга стручна обука во странство и во земјата; следи, анализира и информира за прашања од својот делокруг; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за  управување со човечки ресурси и Одделението за едукација и обука.


Сектор за финансиски прашања 

Секторотза финансиски прашања подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат наследење и примена на законските и подзаконските акти од областа на буџетското, материјално финансиско и сметководствено работење; планирање, управување, следење и реализација на буџетот на министерството; спроведување финансиска контрола на министерството; изработување финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен); подготовка на годишен финансиски извештај; соработка и координација помеѓу надлежните институции и органи во државата; предлагање упатства и инструкции на претставништвата и ја слединивната работа; организирање и оценување на работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за буџет, буџетска контрола и финансиско управување и Одделение за сметководство.


Сектор за информатички комуникациски технологи (ИКТ) и безбедносни прашања

Секторот за информатички комуникациски технологии (ИКТ) и безбедносни прашања подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на проектирање, инсталирање, одржување и развој на информатичките системи и компјутерската мрежа на министерството и претставништвата; подготовка на ИКТ стратегија; обезбедување ефективна и ефикасна комуникација и соработка меѓу вработените во министерството и претставништвата; се грижи за информатичката безбедност и заштита на компјутерската мрежа и податоци; изработка на решенија за безбеден пристап до компјутерската мрежа надвор од министерството; дава корисничка поддршка на вработените; прием, размена, заштита и чување на класифицираните информации; контрола на протокот на информации од безбедносен карактер; крипто-заштита; ИКТ и безбедносна обука на вработените; соработка со надлежни институции и органи во државата; предлагање упатства и инструкции за претставништвата и следење на нивната работа; организирање и оценување на работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за администрирање на информатички технологии (ИТ), Одделение за системска поддршка и комуникациски технологии и Одделението за безбедносни прашања и крипто-заштита.

Последно ажурирање: 21 април 2020