Директорат за дипломатски протокол


Директор: Михаела Веселинов

Директоратот за дипломатски протокол донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и спроведува активности што се однесуваат на посети на официјални претставници на Република Северна Македонија  во странство, како и посети на странски официјални претставници на Република Северна Македонија и други меѓународни и домашни настани; прашања во врска со акредитираните претставништва од областа на церемонијалот, привилегиите и имунитетите; постапките по барања за добивање агремани и егзекватури; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; ја оценува работата на организационите единици; врши и други работи од својот делокруг.


Сектор за Дипломатски протокол

Секторот за Дипломатски протокол подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги координира активностите и задачите што се однесуваат на подготовка и организација на државни, официјални и работни посети на Претседателот на Република Северна Македонија, Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи во странство; подготовка и организација на државни, официјални и работни посети на странски шефови на држави и влади и министри за надворешни работи, подготовка и организација на меѓународни и домашни настани; церемонијални активности; постапките по барања за добивање агремани и егзекватури, како и предавање на акредитивни и патентни писма; изработка, ажурирање, објавување и дистрибуција на Дипломатска листа и Протоколарен список, како и други прашања од пресеансот; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за посети и церемонијал  и Одделението за дипломатска преписка.


Сектор за дипломатски сервис

Секторот за дипломатски сервис подготвува годишни планови и извештаи за работата ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на остварување на правото на привилегии и имунитети на претставништвата на странските држави и меѓународни организации акредитирани во Република Северна Македонија и на нивните претставници; издавање на дипломатски, конзуларни и специјални лични карти; постапката за именување на амбасадори, изработка на акредитивни писма и писма за отповикување, постапката за именување на почесни конзули, како и за издавање на егзекватура на почесни конзули; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за привилегии и имунитети и Одделението за акредитации.


• Национални празници


• Пресеанс листа


• Акредитирани ДКП-а во Република Северна Македонија


• Меѓународни организации во Република Северна Македонија


• Почесни конзулати во Република Северна Македонија


• Протоколарна листа на Република Северна Македонија


• Државни симболи на Република Северна Македонија


 

Последно ажурирање: 28 мај 2020