Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорат за економска и јавна дипломатија

Директоратот за економска и јавна дипломатија донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и спроведува активностите што се однесуваат на економската дипломатија, јавната дипломатија, меѓународната соработка во културата, како и прашањата за состојбите и соработката со македонската дијаспора; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи на државата; соработува со домашните стопански комори, здруженија и асоцијации;следи, анализира и информира за темите од негова надлежност; дава упатства и инструкции на претставништвата и почесните конзули на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг. 

 

9.1 Сектор за економска дипломатија

                Секторот за економска дипломатија подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на промоција и поддршка на економските интереси на Република Северна Македонија во странство; учествува во подготовка на економските стратегии за настап на домашни компании на трети пазари и привлекување странски инвестиции; следи, анализира и информира за развојот на економските политики и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; учествува во обуката на економските промотори; учествува во организирање стручни расправи, саемски манифестации, економски собири и настани за презентирање на економските потенцијали на државата; следи, анализира и информира за економскиот развој на државите и за меѓународните економски прашања, како и за развојната соработка и хуманитарна помош; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи на државата; соработува со домашните стопански комори, здруженија и асоцијации;подготвува упатства и инструкции на претставништвата и на почесните конзули на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата од неговиот состав; врши и други работи од својот делокруг. 

 

 

9.1.1 Одделение за промоција и поддршка на економските интереси на Република Северна Македонија во европските и воневропските држави

9.1.2 Одделение за меѓународни економски прашања, развојна соработка и хуманитарна помош

     9.1.3 Одделение за почесни конзули на Република Северна Македонија во странство

 

 

9.2 Сектор за јавна дипломатија и соработка во културата

                Секторот за јавна дипломатија и соработка во културата подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на јавната дипломатија и меѓународната соработка во културата; врши координација на активностите за зголемување на информираноста на странската јавност и делува во насока на промовирање на постигнатите резултати во делот на европските интеграции и демократскиот развој; го поттикнува интересот за Република Северна Македонија како атрактивна дестинација за бизнис, туризам и образование, како и промовирање на вредностите и културните особености на државата; учествува во изработка на стратегии и други документи што се однесуваат на јавната дипломатија; унапредување на меѓународната соработка во културата; иницира соработка со граѓанскиот сектор за активностите во јавната дипломатија и меѓународната соработка во културата; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата, културно-информативните центри на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва и странски културни центри и институти во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. 

 

9.2.1 Одделение за јавна дипломатија

9.2.2 Одделение за соработка во културата

 

 

 

9.3. Сектор за дијаспора

 

Секторот за дијаспора ги врши работите и задачите поврзани со следење на активностите на Владата, Собранието и нивните тела, кои се однесуваат на реализација на веќе утврдените политики кон дијаспората на Република Северна Македонија; спроведување во рамки на своите надлежности, на насоките на Владата и Собранието кои се однесуваат на реализација на политиките кон дијаспората; собирање на информации и податоци од интерес за формирањето на политики кон дијаспората и нивна обработка; соработка со специјализирани невладини здруженија, истражувачки центри, академски и научни институти, како и политички консултантски куќи, ана кои би им биле доверени изработки на научни трудови, студии, тези, стручни мислења, проценки на политуичките проблеми и јавното мислење кои ќе послужат за дтруктурирање на надворешната политика на Република Северна Македонија во поглед на дијаспората, со цел да се постигне децентрализација на процесот на одлучување и институционално проширување на процесот на донесување на надворешно политички одлуки, поврззани со дијаспората; грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ кој како национално малцинство живее во други држави; грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ кои како дијаспора живее во други држави; грижа за положбата и правата на припадниците на дијаспората со потекло од Република Северна Македонија кои живеат во други држави; унапредување на врските и соработката со македонското национално малцинство и дијаспората; одржувањето, негувањето и афирмирањето на националниот и културно јазичниот идентитет на дијаспората до Република Северна Македонија, соработка и помош за сопствена афирмација на дијаспората со афирмација и на вредностите и достигнувањата на Република Северна Македонија во средините каде што живеат; грижа и помош во организиратното дејствување и активност на дијспората со цел остварување на дел од стратешките,  економски и од национално значење интереси на Република Северна Македонија;

 

9.3.1 Одделение за соработка со дијаспората од непосредно соседство, Европа и прекуокеанските земји

9.3.2 Одделение за спроведување на Владините политики за дијаспората

 

Мени за пристапност