Директор: Самир Ганија
070/744-308
samir.ganija@mfa.gov.mk
Директоратот за конзуларни работи и меѓународно право донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите и задачите што се однесуваат на меѓународното право ина процесот на хармонизација со правото на Европска Унија, како и на конзуларната заштита; учествува во постапките за усогласување, склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и документи; учествува во унапредување на договорно-правната рамка со други држави и меѓународни организации; го следи развојот и кодификацијата на меѓународното право; врши улога на депозитар на меѓународните договори; ги штити интересите на Република Северна Македонија;обезбедува конзуларна заштита на нејзините државјани и интересите на правните лица во странство; ја следи визната и миграциската политика; ја координира работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за обележување на државната граница и се грижи за прашања од областа на државните граници; организира конзуларни консултации; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
10.1 Сектор за меѓународно право
Секторот за меѓународно право подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на иницирање и учество во внатрешно правната постапка за преговарање и потпишување и/или пристапување и/или ратификување на меѓународните договори и документи; предлага ставови и учествува во имплементацијата на Договорот за прашања на сукцесија на поранешната СФРЈ; учествува во работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за сите прашања што се однесуваат на границите и граничните инциденти; го следи развојот и кодификацијата на меѓународното право; го следи и анализира правото на Европска Унијаи неговиот развој и учествува во процесот на усогласување на домашното законодавство и меѓународно правните обврски на Република Северна Македонија со правото на Европска Унија; врши улога на депозитар и репозитар на меѓународните договори; дава правни мислења и совети за прашања од аспект на меѓународното јавно право; предлага ставови и учествува во работата на телата на Организацијата на Обединетите Нациии Советот на Европа од негова надлежност; ја следи и анализира работата и/или ја координира соработката со Меѓународниот суд на правдата, Европскиот суд за човекови права, Европскиот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд, Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Хашката конференција за меѓународно приватно право и специјализираните судови на Организацијата на ОбединетитеНации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
10.1.1 Одделение за билатерални меѓународни договори
10.1.2 Одделение за меѓународно јавно право и мултилатерални меѓународни договори
10.1.3 Одделение за правото на ЕУ
10.2 Сектор за конзуларни работи
Секторот за конзуларни работи подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на заштитата на интересите на Република Северна Македонија; обезбедува конзуларна заштита на нејзините државјани и интересите на правните лица во странство; ги спроведува националната регулатива и обврските од билатералните и мултилатералните договори; ја развива и унапредува конзуларната соработка и пракса; учествува во конзуларни консултации; го организира дежурството во советодавната канцеларија за прием на странки; ажурира конзуларни информации на надворешната страница на министерството; врши конзуларна обука на почесните конзули на Република Северна Македонија; се грижи за воспоставување и развој на системот на „виртуелни конзулати“ во функција на обезбедување конзуларни услуги; врши легализација на документи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав и претставништвата; врши и други работи од својот делокруг
10.2.1 Одделение за конзуларни работи за Југоисточна Европа
10.2.2 Одделение за конзуларни работи за европски и воневропски држави
10.3 Сектор за Визен центар
Секторот за Визен центар подготвува годишни планови и извештаи за работата; врши и координира активности и задачи од Националниот визен информациски систем (НВИС), визниот режим и визната политика; ја спроведува и врши надзор врз постапката за издавање визи; ги следи миграциските движења и регулативата во оваа област; го следи визниот режим и визната политика на Европска Унија и учествува во процесот на хармонизирање на националното со европското законодавство; следи, анализира и информира за состојбите во визната и миграциската политика; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата;подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работата; соработува со акредитираните претставништва и со делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав и претставништвата; врши и други работи од својот делокруг.
10.3.1 Одделение за национален визен информациски систем (Н-ВИС)
10.3.2 Одделение за визна политика и миграции
10.4. Сектор за дипломатски, службени и граѓански пасоши, граници, прелети и легализација
Секторот за дипломатски, службени и граѓански пасоши, граници, прелети и легализација подготвува годишни планови и извештаи за работата издава и води евиденција на дипломатски и службени пасоши и визи, како и за граѓанските пасоши кои се издаваат преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија; координација со надлежни државни органи при прелети на домашни или странски нецивилни воздухоплови, учествува во работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за сите прашања што се однесуваат на границите и граничните инциденти, учествува во постапката за легализација на документи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав и претставништвата; врши и други работи од својот делокруг
10.4.1 Одделение за дипломатски, службени и граѓански пасоши
10.4.2 Одделение за прелети и легализација
10.4.3 Одделение за граници