Директор: Дејан Велкоски
074 - 227 - 714
dejan.velkoski@mfa.gov.mk
Директоратот за НАТО и политичко – безбедносни прашања донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите и задачите на Република Северна Македонија во рамките на членството во НАТО, политичките односи на Република Северна Македонија со НАТО, но и пошироко на планот на политичко безбедносната соработка; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија во НАТО; пренесува ставови, следи, анализира и информира за активностите во рамките на НАТО; го следи и учествува во развојот на стратешки политики на НАТО, следење и промовирање на НАТО јавните политики, планирање на операции, соработка во областа на кризниот менаџмент, политичко – безбедносна соработка со други меѓунродни организации и земји партнери на Алијансата, обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва и меѓународните организации во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
8.1 Сектор за следење на политики на НАТО, планирање и следење на операции и кризен менаџмент
Секторот за следење на политики на НАТО, планирање и следење на операции и кризен менаџмент подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што произлегуваат од членството на Република Северна Македонија во НАТО и го следи спроведувањето на политичките, безбедносните и одбранбените реформи во земјата; превзема активностите предвидени со Процесот за планирање и проценка (ПАРП), ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на надворешно-политичките аспекти од учеството во мисиите и операциите за поддршка на мирот, како и на безбедносната соработка во евро-атлантскиот простор; следи, анализира и информира за развојот и односите во НАТО; предлага ставови за актуелни безбедносни прашања и за придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните активности за справување со современите безбедносни предизвици; соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на државата;дава упатства и инструкции на постојаната делегација при НАТО и на други претставништва на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на државите членки на НАТО во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
8.1.1 Одделение за стратегија и политики на НАТО
8.1.2 Одделение за операции и планирање и соработка во областа на кризниот менаџмент
8.1.3 Одделение за анализа на ризици
8.2 Сектор за политичко безбедносна соработка, регионални односи, партнерство и стратешки комуникации
Секторот за политичко - безбедносна соработка, регионални односи, партнерство и стратешки комуникации подготвува годишни планови и извештаи за работата; изготвува и координира документи за стратешки комуникации за Директоратот и Министерството; подготвува стручни мислења и предлози со цел продлабочување и унапредување на соработката на Република Северна Македонија со земјите од регионот и пошироко за прашања од важност за регионалната и евроатлантската безбедност; предлага мерки и активности за унапредување на односите и соработката на Република Северна Македонија на билатерална и мултилатерална основа со земјите од регионот и пошироко за прашања од аспект на политичката безбедност; предлага мерки и активности за унапредување на односите и соработката на Република Северна Македонија на билатерална и мултилатерална основа со земјите од регионот и пошироко за прашања од аспект на политичката безбедност; ги следи односите и соработката на МКД на билатерална и мултилатерална основа со земјите од регионот и пошироко за прашања од политичката безбедност; ги следи односите и соработката на МКД во рамки на системите за колективна безбедност; ги следи, учествува и координира активностите во процесот на соработка со Министерството за одбрана; ги следи односите и политиките на НАТО со други меѓународни организации (ЕУ, ОН, ОБСЕ, АУ); ги следи односите и политиките на НАТО за партнерски развој, форматот 30+Н; Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, 4 азиско-пацифички партнери, Јужните партнери, Средноазиските партнери, Африканските партнери, Латиноамериканските партнери и други партнери и институции; врши координација на активностите во рамките на иницијативата на НАТО за ЈИЕ-ЅEE Group; регионално политичко – безбедносната соработка во контекст на НАТО (А5), како и други формати на соработка со различни меѓународни организации и иницијативи; следење и учество во активностите во рамките на безбедносната компонента на меѓународните и регионалните организации и иницијативи; следење и учество во активностите во процесот на соработка со министрите за одбрана на ЕАПС- СЕДМ; следење и учество во активностите Мултинационалните сили на ЈИЕ-SEEBRIG како и следење на активностите на за прашањето на малите оружја и лесното вооружување – SALW; предлага активности, известува и поготвува извештаи во однос на состојбите на безбедносен план кон меѓународните организации, како и предлага конкретни активности кои Република Северна Македонија е потребно да ги превземе во рамките на регионалната и меѓународната политичко безбедносна соработка; соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на државата; дава упатства и инструкции на постојаната делегација при НАТО и на други претставништва на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на државите членки на НАТО во Република Северна Македонија и на други држави; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
8.2.1 Одделение за регионална политичко-безбедносна соработка, партнерства и односи
8.2.2 Одделение за политичко-безбедносна соработка на НАТО со други меѓународни организации и со земји партнери
8.2.3. Одделение за стратешки комуникации