Директор: Веле Трпевски
070 - 396 - 968
vele.trpevski@mfa.gov.mk
Директоратот за организациони работи донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите што се однесуваат на општи и правни работи, управување со човечки ресурси, едукација и движење на вработените во службата; финансиски прашања, информациско-комуникациски технологии и безбедносни прашања; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи на државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
2.1 Сектор за правни и општи работи
Секторот за правни и општи работи подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на правни, управно надзорни и стручнооперативни работи; води грижа за остварување на правата и должностите на вработените во министерството и претставништвата; се грижи за законито спроведување на постапките за утврдување дисциплинска и материјална одговорност на вработените; врши контрола врз спроведувањето на постапките во министерството: правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија, јавни набавки, тековно инвестиционо работење и одржување, грижа за имотот во сопственост на министерството, набавка на основни и потрошни средства, преведување, примена на прописите за архивско работење, прием, заведување и дистрибуција на материјали, административно технички работи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
2.1.1 Одделение за правни работи
2.1.2 Одделение за јавни набавки и контрола на спроведување на договорите за јавна набавка
2.1.3 Одделение за недвижен дипломатски имот во сопственост и под закуп
на Република Северна Македонија
2.1.4 Одделение за општи работи
2.1.5 Одделение за преведување
2.2 Сектор за управување со човечки ресурси и едукација
Секторот за управување со човечки ресурси и едукација подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на следење и примена на законите и другите прописи поврзани со човечките ресурси; подготовка на програма за развој на човечките ресурси; планирање на движењето на вработените во службата; спроведување на постапките за вработување, оценување и упатување на вработените во претставништвата; подготовка, координација и спроведување на програма за едукација; упатување на вработените на дипломатска и друга стручна обука во странство и во земјата; следи, анализира и информира за прашања од својот делокруг; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
2.2.1 Одделение за управување со човечки ресурси во МНРиНТ
2.2.2 Одделение за управување со човечки ресурси во ДКП
2.3 Сектор за финансиски прашања
Секторот за финансиски прашања подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат наследење и примена на законските и подзаконските акти од областа на буџетското, материјално финансиско и сметководствено работење; планирање, управување, следење и реализација на буџетот на министерството; спроведување финансиска контрола на министерството; изработување финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен); подготовка на годишен финансиски извештај; соработка и координација помеѓу надлежните институции и органи во државата; предлагање упатства и инструкции на претставништвата и ја слединивната работа; организирање и оценување на работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
2.3.1 Одделение за буџетска координација
2.3.2 Одделение за буџетска контрола
2.3.3 Одделение за сметководство и плаќања
2.4 Сектор за информатички комуникациски технологи (ИКТ) и безбедносни прашања
Секторот за информатички комуникациски технологии (ИКТ) и безбедносни прашања подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на проектирање, инсталирање, одржување и развој на информатичките системи и компјутерската мрежа на министерството и претставништвата; подготовка на ИКТ стратегија; обезбедување ефективна и ефикасна комуникација и соработка меѓу вработените во министерството и претставништвата; се грижи за информатичката безбедност и заштита на компјутерската мрежа и податоци; изработка на решенија за безбеден пристап до компјутерската мрежа надвор од министерството; дава корисничка поддршка на вработените; прием, размена, заштита и чување на класифицираните информации; контрола на протокот на информации од безбедносен карактер; крипто-заштита; ИКТ и безбедносна обука на вработените; соработка со надлежни институции и органи во државата; предлагање упатства и инструкции за претставништвата и следење на нивната работа; организирање и оценување на работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
2.4.1 Одделение за администрирање на информатички технологии (ИТ)
2.4.2 Одделение за системска поддршка и комуникациски технологии
2.4.3 Одделение за безбедносни прашања и крипто-заштита