Директорка: Линда Салиеска
075 - 392 - 720
linda.salieska@mfa.gov.mk
Директоратот за поддршкаа на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите на министерот, заменик-министерот и државниот секретар; ја организира и координира комуникацијата со медиумите и средбите со претставници на медиумите и социјалните мрежи; врши аналитичко истражување и стратешко планирање; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
1.1 Сектор за организација и координација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар
Секторот за организација и координација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира работите и задачите што се однесуваат на организација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар и обезбедува стручна, техничка и административна поддршка за нивна реализација; подготовка на учеството на министерот, заменик-министерот и државниот секретар на седниците на Владата и Собранието и нивните работни тела; комуникација со медиумите и организирање средби со претставници на медиумите; изготвување, уредување, ажурирање и публикување на информации за веб страниците на министерството и претставништвата, како и за профилите на министерството на социјалните мрежи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; обезбедува оперативна и техничко логистичка поддршка на политичките и економски активности на министерот; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
1.1.1 Одделение за организација и координација на активностите на министерот
1.1.2 Одделение за политичка и економска координација на кабинетот на министерот
1.1.3 Одделение за организација и координација на активностите на заменик министерот и државниот секретар
1.1.4 Одделение за соработка со другите институции
1.2 Сектор за односи со јавност и дигитална дипломатија
Секторот за односи со јавност и дигитална дипломатија подготвува годишни планови и извештаи за работата; обезбедува точно, јасно и навремено информирање на граѓаните за активностите и ставовите на Министерството во однос на актуелните билатерални, регионални и глобални теми и прашања поврзани со меѓународните односи и надворешната политика на Државата, преку различните видови канали на комуникација;го координира редовното информирање на јавноста за услугите што Министерството, како јавен сервис ги обезбедува за граѓаните; обезбедува постојана проактивна и реактивна комуникација со медиумите и јавноста; се грижи за непречено спроведување на концептот на функционирање и развој на дигиталната дипломатија; се грижи за непречено спроведување на концептот за активна транспарентност и отчетност на Министерството кон граѓаните; ја координира комуникацијата и соработката со медиумите во однос на активностите на Министерот и Министерството во целина; организира и модерира прес-конференции, брифинзи за медиумите и други соодветни медиумски настани; го координира и управува ажурирањето на официјалната Веб страница на Министерството; го организира и управува со функционирањето на официјалните профили на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на социјалните медиуми, согласно новите меѓународни трендови во дигиталната дипломатија; ја координира изработката и објавата на информативните текстови на официјалните профили на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на социјалните медиуми; го следи функционирањето на официјалните профили на ДКП-та на РСМ во странство на социјалните медиуми и дава препораки и насоки за потребни иновирања согласно нови меѓународни трендови во дигиталната дипломатија; го координира комплетирањето на текстовите и објавата на соопштенијата за јавно информирање; организира и спроведува информативни кампањи на ниво на Министерството; ја координира техничката поддршка за организација на медиумските активности и продукцијата на фотографии и видео материјали; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
1.2.1 Одделение за односи со медиуми
1.2.2 Одделение за дигитална дипломатија