Државниот секретар д-р Јовица Палашевски оствари средба со Антје Ванделт, главен претставник на германското стопанство со седиште во Скопје.
Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на германските инвестиции во нашата земја, како и потребата од посилна и понасочена промоција на економските можности и инвестицискиот потенцијал што ги нуди нашата држава за странските директни инвестиции.
Во разговорот беше истакнато значењето на дополнителното унапредување на деловната клима и создавањето поволни услови за привлекување нови германски инвеститори. Посебно беше потенцирана важноста на грижата за компаниите и по реализацијата на инвестициите, преку воспоставување соодветни механизми за поддршка и олеснување на нивното непречено функционирање и понатамошно проширување во земјата.
Државниот секретар ја истакна подготвеноста на институциите за отворен дијалог со германската деловна заедница, како и за разгледување конкретни можности за продлабочување на економската соработка и привлекување нови инвестиции.
Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на комуникацијата и заедничко разгледување на конкретни иницијативи за унапредување на економските односи.