Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МНРНТ ја одбележа доделбата на сертификати за дипломати обучени по италијански јазик

МНРНТ ја одбележа доделбата на сертификати за дипломати обучени по италијански јазик

Вчера, во просториите на Минстерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа пригоден настан по повод доделување сертификати на наши дипломати за успешно завршен курс по италијански јазик и култура.

На церемонијата се обратија Државниот секретар во МНРНТ, Елена Кузмановска и Амбасадорот на Италијанската Република, Н.Е. Паоло Палминтери.

Во своето обраќање, Државниот секретар Елена Кузмановска ја поздрави реализацијата на овој јазично-едукативен проект, што отпочна пред две години, во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Италијанската Република. Притоа, го поздрави значителниот интерес и посветеноста на нашите дипломати за изучување на италијанскиот јазик, со цел унапредување на нивните јазично-комуникациски вештини, особено при нивно упатување на работа во дипломатско конзуларните претставништва во Италија. Проектот е поздравен и како конкретен придонес кон заложбите за зајакнување на билатералната соработка, како мост за културолошко приближување меѓу двете пријателски земји, но, и како потенцијал што треба да се искористи во насока на интензивирање на економската соработка и привлекувањето инвестиции.

Амбасадорот Палминтери изрази задоволство од покажаниот значителен интерес за изучување на италијанскиот јазик, како значајна алатка во дипломатската комуникација, особено во меѓународните организации. Нагласи дека тоа што граѓаните и културните работници го прават за запознавање и приближување на нашите култури и вредности, претставува и наша должност да го негуваме и зајакнуваме, но, и да продолжиме да градиме нови мостови на поврзување, по кои заедно ќе чекориме.

Заемно беше поздравена подготвеноста, проектот да продолжи и во наредниот период, во насока на интензивирање и олеснување на колегијалната комуникација, промоција на културолошките вредности и одлики, со цел зајакнување на довербата меѓу двете земји.

Во рамки на настанот, пригодни обраќања имаа и професорката Бранка Каракашова Гривчевска, Претседател на Здружението на преведувачи од италијански јазик, професорката Радица Никодиновска, Почесен Претседател на Здружението, и професорката што ги водеше јазичните курсеви на основно и на напредно ниво, г-ѓата Ирена Минова Петковска.

Мени за пристапност