Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Франција и Косово

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Франција и Косово

Министерот Муцунски оствари одвоени средби со амбасадорот на Франција, Кристофер Ле Риголер, и амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.

На средбата со амбасадорот на Франција, Ле Риголер, стана збор за билатералните односи меѓу двете земји, засилената динамика во нивниот развој и силниот потенцијал за понатамошно продлабочување, со посебен фокус на економската соработка. Соговорниците се осврнаа и на реформските процеси, евроинтегративните аспирации на државата и поддршката за овој пат.

На средбата со амбасадорот на Косово, Ќехаја, министерот Муцунски и амбасадорот разменија мислења за билатералната соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, процесот на евроинтеграција, како и за надворешнополитичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување.

Во рамки на разговорите стана збор и за актуелните регионални состојби, како и за случувањата во Европа и во светот.

Мени за пристапност