Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за пријавување за учество на онлајн дискусија со претставници од дијаспората

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на финалната фаза на изработката на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030, на 10 ноември 2025 година со почеток во 11.00 часот ќе одржи онлајн дискусија со претставници од дијаспората, предводена од Државниот секретар на МНРНТ Елена Кузмановска. На состанокот, покрај претставниците на македонските здруженија регистрирани во странство, се покануваат да учествуваат и физички лица од редовите на дијаспората кои сакаат да дадат личен придонес во содржината на Стратегијата. Покрај претставници од МНРНТ, на состанокот ќе учествуваат и членовите од работната група за изработка на Стратегијата од повеќе државни институции.

 

За учество на состанокот, секој заинтересиран претставник од дијаспората потребно е да достави контакт- податоци (име и презиме, назив на здружението/ организацијата што ја претставува и контакт е-пошта и телефонски број) на dijaspora@mfa.gov.mk  најдоцна до 6 ноември 2025 година (четврток).

Мени за пристапност