Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Северна Македонија, со седиште во Тирана, Фаисал Гази Исмаил Хифзи, по повод завршувањето на неговиот мандат.
На средбата беше изразена искрена благодарност за одличната соработка и значајниот придонес на амбасадорот во унапредувањето на односите меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија.
Соговорниците се осврнаа и на актуелните регионални и меѓународни прашања, со посебен акцент на состојбите на Блискиот Исток и напорите за постигнување трајно примирје во Иран и пошироко.
Средбата ја потврди посветеноста на двете страни кон конструктивна и пријателска соработка, со очекување за натамошно унапредување на билатералните односи и успешно продолжување на започнатите проекти.