На 18 март 2026 година во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа средба на Државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ со Мириам Лексман, словачки пратеник во Европски парламент, член на групата на Европските народни партии.
На средбата се разменија информации и мислења поврзани со актуелните геостратешки предизвици, безбедносна политика на Северна Македонија во контекст на членството во НАТО и европската надворешна безбедносна политика. Европратеничката се интересираше и за прашања поврзани со економски и трговски аспекти. Посебен фокус во разговорите беше даден и на процесот на проширување на ЕУ, новата Резолуција на Европскиот парламент и тековниот статус на ЕУ пристапниот процес на земјата. Мириам Лексман информираше за нејзините активности во рамките на Европскиот парламент при што ја истакна нејзината поддршка и заложба за придвижување на процесот на проширување на ЕУ.