Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на ДСек г-ѓа Елена Кузмановска Биондиќ со унгарскиот заменик државен секретар, г-ѓа Хенриета Балајти

Средба на ДСек г-ѓа Елена Кузмановска Биондиќ со унгарскиот  заменик државен секретар, г-ѓа Хенриета Балајти

Денес, 24 февруари 2026 година, државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ оствари средба со унгарскиот заменик државен секретар за безбедносна политика и директор во Министерството за надворешни работи и трговија, г-ѓа Хенриета Балајти.

На средбата, соговорниците разменија мислења за актуелните меѓународни безбедносни прашања, зајакнувањето на партнерството во рамки на НАТО, состојбите поврзани со војната во Украина, како и за богатата билатерална соработка и континуираната поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава.

Државниот секретар Кузмановска Биондиќ изрази уверување дека двете држави посветено ќе продолжат да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати. Воедно, изрази благодарност за континуираната, вокална унгарска поддршка на нашиот евроинтегративен пат. Во овој контекст, заменикот државен секретар Балајти увери дека Унгарија останува гласен поддржувач и достоен партнер на нашата држава на билатерално ниво со нагласен акцент кон процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Мени за пристапност