Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Народна Република Бангладеш, Шахназ Гази

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Народна Република Бангладеш, Шахназ Гази

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Бангладеш со седиште во Букурешт, Шахназ Гази.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, кои во изминатите 30 години се темелат на меѓусебно почитување, како и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во области од заемен интерес. Притоа, посебен акцент беше ставен на потенцијалот за унапредување на економската и мултилатералната соработка.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и за политичките состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Мени за пристапност