Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо, со седиште во Белград.

На средбата соговорниците разговараа за можностите за интензивирање на билатералниот политички дијалог, како и за проширување на секторската соработка, со посебен фокус на трговијата и инвестициите.

Беа разменети мислења и за текот на евроинтегративниот процес на државата, при што беше нагласена важноста од натамошна силна поддршка од Португалската Република на тој пат.

Мени за пристапност