Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со генералната директорка на Генералниот директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија при Европската комисија, Керстин Јорна

Средба на министерот Муцунски со генералната директорка на Генералниот директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија при Европската комисија, Керстин Јорна

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Бледскиот стратешки форум оствари средба со Керстин Јорна, генерална директорка на Генералниот директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија при Европската комисија.

На средбата се разговараше за европскиот интегративен процес на Република Северна Македонија и за очекувањата во однос на европскиот пат во наредниот период.

Министерот Муцунски се осврна на предизвиците со кои се соочува земјата, истакнувајќи дека процесот на интеграција во Европската Унија останува високо на агендата на Владата, имајќи предвид дека политиката на проширување претставува значаен катализатор за трансформација на општествата. Во тој контекст, беше нагласено дека постепената интеграција претставува важен механизам за натамошно приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија во текот на пристапниот процес.

Посебен акцент беше ставен на значењето на Планот за раст за Западен Балкан, како и на постигнатиот напредок во спроведувањето на Реформската агенда и придобивките што досега се остварени во рамките на Планот.

Воедно, се разговараше и за следните чекори и активности во рамките на Планот за раст, со цел максимално искористување на можностите што ги нуди овој инструмент на Европската Унија за Западен Балкан. Беше нагласено неговото значење за пристапниот процес да стане уште поопиплив за граѓаните и бизнисите, како и за натамошно приближување на земјата и регионот кон Европската Унија.

Мени за пристапност