Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

На средбата беа потврдени силните и пријателски односи меѓу двете земји, за што сведочи и неодамнешната средба на министерот Муцунски во Вашингтон со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Соговорниците разговараа за идните активности насочени кон унапредување на односите и ја потврдија подготвеноста за натамошно зајакнување на билатералната соработка во повеќе области.

Беше нагласена важноста на стратешкото партнерство меѓу двете земји, кое дополнително се надградува преку сојузништвото во рамките на НАТО, како и преку поддршката и соработката во мултилатералните организации.

На средбата беше оценето дека билатералните односи, како и улогата на САД во регионот и во Европа, се од исклучително значење за регионалната безбедност и стабилност.

Мени за пристапност