Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, при што беше изразена заемна подготвеност за нивно натамошно унапредување. Посебно беше истакнато задоволството од интензивниот и континуиран политички дијалог меѓу двете држави.

Соговорниците се осврнаа и на конкретни претстојни чекори кои ќе придонесат за продлабочување и јакнење на економската соработка, како на федерално ниво, така и со одделни германски сојузни покраини. Овие активности имаат за цел поцелосно искористување на економските потенцијали на двете земји, унапредување на трговската размена и создавање поволни услови за понатамошен економски развој.

Воедно, беше разменета оценка за актуелните геополитички случувања во Европа и пошироко, како и за планираните билатерални активности во наредниот период, со Фокусот беше ставен на продолжување на политичкиот дијалог на високо ниво и натамошно зајакнување на севкупната соработка меѓу двете земји.

Мени за пристапност