Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер.
Фокусот на разговорот беше ставен на унапредување на билатералните односи и зајакнување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји. Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата кон продлабочување на пријателските односи со Франција, особено во делот на економијата, инвестициите и културната соработка.
На средбата стана збор и за евроинтегративниот процес на државата, при што беше потврдена важноста од континуираната и силна поддршка на Франција во овој процес. Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за досегашната поддршка и ја нагласи заложбата на Владата за спроведување на реформите што ја приближуваат земјата кон членството во Европската унија.