Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со Данило Рици, регионален претставаник за Југоисточна Европа на Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC)

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со Данило Рици, регионален претставаник за Југоисточна Европа на Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC)

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денес одржа работна средба со Данило Рици, регионален претставник за Југоисточна Европа на Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал на која се разговараше за актуелните предизвици и идните перспективи на заедничките напори за справување со транснационалниот и организираниот криминал, трговијата со дрога, корупцијата, перењето пари и другите поврзани криминални активности. 

Димитровски изрази благодарност за континуираната и плодна соработка меѓу нашата земја и Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал, во контекст на техничката поддршка за националните партнери во рамки на бројни заеднички проекти, меѓу кои и Регионалната програма за Југоисточна Европа за периодот 2024 - 2029.

На средбата се разговараше и за клучните приоритети за Република Северна Македонија во доменот на унапредување на транспарентноста, зајакнување на довербата на граѓаните во институциите преку професионална, ефикасна и одговорна работа, законите и санкциите за коруптивно однесување, судската независност и имплементацијата на Конвенциите на ОН за дрога и криминал. 

„Корупцијата, како форма на злоупотреба е воочена како голем општествен проблем и постои силно изразена политичка волја од страна на оваа Влада да се разбие, вклучувајќи ги институциите и преку давање на личен пример на секој од нас за нејзино сузбивање во однос на сите општествени форми“, истакна заменик министерот, Димитровски на состанокот.

Средбата ја потврди важноста на континуираната соработка меѓу Северна Македонија и Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал со заложбата за натамошно унапредување на безбедноста, владеењето на правото и транспарентноста во земјата.

Мени за пристапност