Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Телефонски разговор на министерот Муцунски со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA.

Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка.

Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Мени за пристапност