Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Учество на државниот секретар д-р Јовица Палашевски втората Меѓународна конференција за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници (28 - 29 септември, Торонто, Канада)

Учество на државниот секретар д-р Јовица Палашевски втората Меѓународна конференција за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници  (28 - 29 септември, Торонто, Канада)

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, учествуваше на Втората меѓународна конференција „Патишта кон мирот: Меѓународна конференција за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници“, која на 28 и 29 септември се одржа во Торонто, Канада.
Конференцијата, организирана од Канада, Украина и Норвешка, собра високи претставници од околу 70 држави и 10 меѓународни организации, со цел зајакнување на меѓународната координација и конкретната поддршка за враќањето на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници.
Упатувајќи на меѓународното право како императив, тој  повика на негово доследно почитување и регорозна примена и ја подвлече потребата од заедничко дејствување и интензивирање на политичкиот и дипломатскиот притисок со цел задржување на овие прашања високо на глобалната агенда. Притоа, нагласи и дека нашата држава, преку нашиотмултилатерлен ангажман, а особено користејќи го членството во Советот за човекови права на ОН, продолжува да го истакнува ова прашање во мултилатералната арена. 
Државниот секретар Палашевски го заокружи своето обраќање акцентирајќи дека адресирањето на овие важни прашања како заедничка цел,  претставува важна компонента за постигнување на праведен, траен и одржлив мир во Украина. 
На маргините на конференцијата, Државниот секретар оствари средби со заменик-премиерката и министерка за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман,Министерот за Украина на Обединето Кралство,Лорд Вуд, заменик-министерката за надворешни работи на Естонија, Миина-Лиина Линд и Жак Гербер, Делегат на Сојузниот совет на Швајцарија за Украина. 
Во фокусот беа билатералните односи, можностите за унапредување на соработката и актуелните меѓународни прашања, вклучително и европската интеграција на Северна Македонија, како и мултилатералната соработка.
Во рамките на посетата, Палашевски оствари и средба со Ахмед Хусен, претседател на Постојаниот комитет на Долниот дом на Парламентот на Канада за надворешни работи и меѓународен развој. Во фокусот беа интензивирањето на политичкиот дијалог и парламентарната соработка, почестите контакти и размената на посети, како и улогата на македонската заедница во Канада како значаен мост меѓу двете земји.
Остварени беа и куртоазни средби со амбасадорката на Албанија во Канада, Артемис Мало, и амбасадорот на Туркије во Канада, Кан Диздар.
Учеството на Северна Македонија на конференцијата во Торонто ја потврди определбата на земјата за активно учество во меѓународните напори за заштита на цивилното население, почитување на меѓународното право и обезбедување конкретна поддршка за лицата погодени од војната.

Мени за пристапност