Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на британскиот министер за надворешни работи, Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок на кој присуствуваа повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот.
Состанокот беше посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормускиот теснец, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови.