Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Димитровски на 46-тата Министерска Конференција на франкофонијата во Кигали, Руанда

Заменик-министерот Димитровски на 46-тата Министерска Конференција на франкофонијата во Кигали, Руанда

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествува на 46-тата Министерска Конференција на франкофонијата, која оваа година се одржува во Кигали, Руанда.


Во присуство на бројни претставници на Владите од земјите-членки на Меѓународната организација на франкофонијата, заменик-министерот Димитровски истакна дека оваа конференција е уште една можност за организацијата да ги потврди своите вредности кои ги негуваме и сакаме да ги промовираме.

 

„Ние сме длабоко убедени дека франкофонијата претставува семејство на нации кои, обединети околу францускиот јазик, исто така споделуваат заеднички аспирации за подобра иднина, заснована на мир, почитување на човековите права, одржлив развој, како и културна различност, солидарност и соработка. Затоа, ние сме многу горди што ѝ припаѓаме," изјави заменик-министерот Димитровски.


Оваа година, 46-тата Министерска Конференција на франкофонијата се одржува под знакот на посебен јубилеј - триесет години од усвојувањето на историската Декларација и Програма за акција од Пекинг, која претставува еден од најзначајните документи за правата на жените во светот. Конференцијата го стави акцентот на достигнувањата во франкофонскиот простор во областа на родовата еднаквост, но истовремено и на потребата да се продолжи со решавање на предизвиците кои и понатаму ја попречуваат целосната еднаквост меѓу жените и мажите.


Обраќајќи се пред присутните, заменик-министерот Димитровски ја истакна клучната улога на жените во франкофонскиот простор во текот на овие три децении.

 

„Триесет години по Пекинг, жените од франкофонскиот простор докажаа дека се носителки на промени, актерки на мирот и креаторки на решенија. Нивниот придонес е неспорен и заслужува да биде признаен на највисоко ниво," посочи тој.

 

Заменик-министерот Димитровски особено нагласи дека Република Северна Македонија не се задоволува само со декларативна поддршка, туку активно спроведува и конкретни политики за родова еднаквост за секоја жена, секоја девојка, без оглед на нејзиниот јазик, потекло или положба, да може да живее слободно, еднакво и почитувано. 

 

Учеството на оваа значајна конференција ја потврдува посветеноста на земјата кон вредностите на франкофонијата и кон унапредувањето на родовата еднаквост и меѓународната соработка.

Мени за пристапност