Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области, при што беше изразена поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и унапредување на стабилноста и мирот во регионот на ОБСЕ.
Министерот Муцунски изрази благодарност за улогата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и за бројните активности што ги реализира во рамки на својот мандат.
Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со македонските институции и со граѓанското општество.