Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.

Во текот на утрешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија.

Мени за пристапност