Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Средба Османи-Борел: Со поддршка на ЕУ и дипломатска акција, ОБСЕ ќе придонесе за европска безбедност

Претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи, денеска во Брисел оствари средба со Жозеп Борел, Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. За време на посетата, Османи ја потенцираше природната и цврста врска меѓу ЕУ и ОБСЕ, како и сите земји учеснички на Организацијата, што е поволен простор за заедничка работа и исполнување на заедничките обврски. Северна Македонија, како земја претседавач, строго ќе ги почитува основните принципи и вредности на ОБСЕ. Во фокус на Организацијата ќе биде Украина, односно човековата безбедност во време на регионална и глобална несигурност и нестабилност, потенцираше Османи.  
 
„Нашето претседавање оваа година ќе се раководи од веќе договорените обврски на сите 57 земји учеснички на Организацијата. Нема да правиме компромиси кои ќе ги загрозат основните документи и со консензус усвоени одлуки на ОБСЕ. Најголемиот предизвик останува воената агресија на Русија врз Украина. Тоа е неоправдана војна врз независна држава, членка на ОБСЕ. Руската Федерација со воената агресија врз Украина, флагрантно го прекрши Хелсиншкиот завршен документ и сите заложби и принципи на Организацијата“, изјави претседавачот на ОБСЕ Османи.
 
Османи истакна дека ОБСЕ ги има сите механизми и алатки кои нудат конкретна поддршка за луѓето на сите земји учеснички во Организацијата, бидејќи како што потенцираше „на крајот од сè ‘За луѓето се работи’“. Тој истакна дека Северна Македонија своето знаење и искуство ќе го пренесе во регионот на ОБСЕ преку претседавање со Организацијата. 
 
 
„Северна Македонија преку меѓуетничките односи, културата на дијалог што ја наметна, културата на компромис и добрососедските односи, создаде имиџ за државата, како и за препознатливост во меѓународната заедница. Ние сме модел во регионот за функционална мултиетничка демократија, со загарантирани права за сите заедници кои живеат во Северна Македонија“, посочи Османи.  
 
На средбата Османи – Борел се зборуваше и за заложбата на ЕУ и тесната соработка со нејзините делегации во Скопје и Виена кои беа од клучна важност во сите фази од подготовката на Северна Македонија да го преземе претседавањето со ОБСЕ. Претседавачот на ОБСЕ ја потенцираше и важноста на соработката меѓу ОБСЕ и ЕУ што би придонела за функционалност на Организацијата.  
 
„Земјите членки на ЕУ, се учеснички и на ОБСЕ. Синергијата помеѓу овие две организации може да помогне во унапредување на процесите кои понекогаш изгледа дека се блокирани во Хофбург“, посочи Османи.
 
На крајот од средбата, тој потенцираше дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на меѓународната заедница и ЕУ, почитувајќи ги нејзините вредности и принципи. Посочи дека Северна Македонија, сега како земја преговарач за членство во ЕУ, има за цел во блиска иднина да претседава со Советот на ЕУ. 
 
 
„Ние сме посветени на оваа задача и сме благодарни на континуираната поддршка на ЕK и на потпретседателот Борел, но и на другите институции на ЕУ и земјите-членки. Нашиот успех ќе биде и заеднички успех“, изјави Османи.

Османи со обраќање на конференцијата Година на нови можности

“2023-та, година на меѓународно етаблирање на Северна Македонија”

На годишната конференција: Година на нови можности, Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел: членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија. “Во однос на Бугарија, имаме искрени намери да го вратиме позитивниот тренд на дијалог и соработка, воспоставен минатата година, иако, на краткорочен план, претстојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогрес на билатералните односи. Сепак, остануваме посветени на смирувањето на тензиите и де-ескалација на вжештената атмосфера, која се огледа и во непропорционалните реакции за еден единствен случај, за кој државата веднаш ги презеде сите потребни мерки за негово расчистување.  Важно да не дозволиме провокативни тенденции од двете страни на границата да го киднапираат процесот во насока, што нема да е од интерес за двете држави. Но во секој случај е во интерес на трети актери, со кои немаме многу заедничко” рече Османи. Преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, Османи нагласи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската Повелба, како и со Процесот за соработка во Југо-источна Европа. “Претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација претставува историски момент за Северна Македонија, но и голем дипломатски предизвик бидејќи се одвива во исклучително сложени меѓународни односи, нарушена безбедносна архитектура на континентот и практично во време на активна воена агресија на една земја – членка врз друга земја – членка на Организацијата. Тоа ја прави работата на Организацијата уште покомплексна, но во исто време и исклучително потребна” истакна. На панел насловен “Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, Османи говореше и за достигнувањата минатата година, меѓу кои: почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ, добриот извештај на Европската Комисија, постигнувањето 100% усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, потпишувањето на Договорот со Фронтекс, лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД и други. Покрај Османи, на панел се обратија и Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантски Совет на Северна Македонија како и Никола Дујовски, декан на Факултет за безбедност.

Средба Османи- Кјучук

Во рамките на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјучук. Соговорниците разменија мислења за тековниот пристапен процес на Северна Македонија во ЕУ и потребата за забрзана евро-интеграција за сите држави од Западен Балкан во дадениот геополитички контекст. Европскиот пат позитивно ќе влијае врз демократската и економска консолидација на земјите од регионот. На средбата се разговараше за последните актуелности во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, поврзани со физичкиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Врз севкупната атмосфера во овој период секако не придонесуваат провокативните и навредливи изјави на член на европскиот парламент, нагласи Османи, за што веќе се упатени соодветни официјални реакции. „Го информирав европратеникот Кјучук за напорите за деескалација на заострената реторика во односите меѓу нашите две држави, и потребата од враќање на позитивната динамика во нашите односи“, изјави Османи. Нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија треба да бидат посветени на интензивирање на политичкиот дијалог, со цел враќање на довербата.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more