Институција која огласува: ЦЕФТА Секретаријатот
Рок на пријавување: 30/10/2025
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија известува дека ЦЕФТА Секретаријатот на следниот линк: https://cefta.int/vacancies/ ги објави огласите за слободни четири работни места за следните позиции:
-
2 позиции за виши трговски експерти
-
1 трговски експерт
-
1 координатор
Со објавата на огласите е краток опис на основни информации што се потребни за аплицирање односно пополнување на формуларот за пријавување на работна позиција. Основните информации содржат главни задачи и одговорност за секоја работна позиција, условите за работа, техничко и професионално знаење и потребно искуство во опсегот трговија. Формуларот за пријавување односно апликацијата треба да ја превземете директно од линкот. Рокот за аплицирање е 30 октомври 2025 година.