Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државен секретар

Јовица Палашевски

Јовица Палашевски

Државен секретар во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија

Д-р Јовица Палашевски

 

Д-р Јовица Палашевски од 1 јули 2026 година ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

 

Дипломат од кариера, со повеќе од две децении искуство во надворешната служба, извршувал повеќе високи дипломатски и раководни функции во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија.

 

Во 2008 година е именуван за прв генерален конзул на Република Македонија во Чикаго, каде го воспоставува и раководи со новоотворениот Генерален конзулат, поставувајќи ги темелите на дипломатското и конзуларното претставување на државата во американскиот Среден Запад. Подоцна ја извршува функцијата министер-советник и вршител на должност шеф на мисија во Отава, заменик-шеф на мисија во Белград, директор на Дирекцијата за меѓународно право, како и генерален конзул во Торонто. 

 

Докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на својата кариера активно работел на унапредување на билатералните и мултилатералните односи, економската дипломатија, меѓународното право, конзуларната заштита и промоцијата на националните интереси на Република Северна Македонија.

 

Мени за пристапност