Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Закони

Закони поврзани со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: 

 

(Преземи го документот тука)

 

Република Македонија и Република Бугарија (нарекувани во понатамошниот текст заеднички “Договорни страни”),

Поаѓајќи од заедничкиот стремеж за понатамошен развој на добрососедството, пријателството и соработката меѓу двете држави,

Длабоко убедени во потребата од развој на соработката врз основа на меѓусебното почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните држави ,

Верувајќи дека сеопфатниот развој и продлабочување на пријателските добрососедски односи меѓу нив одговара на интересите на народите на Република Македонија и Република Бугарија,

Убедени во неопходноста од зајакнување на безбедноста и мирот, соработката и довербата во Југоисточна Европа,

Поздравувајќи го стремежот на Република Македонија за интеграција во европските и евроатлантските структури,

Верувајќи дека конструктивниот дијалог за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања ќе придонесе за понатамошен развој на врските меѓу двете држави на равноправна основа,

Потврдувајќи го фундаменталното значење на Заедничката декларација од 22 февруари 1999 г. во односите меѓу двете држави,

Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи,

Почитувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа,

Се договорија за следново:

Член 1

Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството.

Член 2

1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

Член 3

Двете Договорни страни ќе помагаат за развој на соработката меѓу државите од Југоисточна Европа, за зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при реализацијата на регионални проекти, како дел од процесот за создавање на единствена Европа.

Член 4

1.Двете Договорни страни ќе одржуваат контакти и ќе остваруваат средби меѓу претставници на органите на државната власт на различни нивоа за развој на пријателските односи и соработката.

2.Двете Договорни страни ќе помагаат за одржување на контактите меѓу локалните власти и граѓаните на двете Договорни страни.

Член 5

Имајќи ја предвид нивната географска блискост, двете Договорни страни ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.

Член 6

Двете Договорни страни ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развојот на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.

Член 7

1.Двете Договорни страни ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.

2.Двете Договорни страни ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките, кои се движат меѓу нив.

Член 8

1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот.

2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

Член 9

Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји.

Член 10

Двете Договорни страни ќе ја унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и поконкретно во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, како и за решавање на хуманитарните и социјалните проблеми на нивните граѓани.

Член 11

1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица, кои не се државјани на Република Македонија.

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.

Член 12

1.Во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој Договор, двете Договорни страни ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија. Комисијата се ко-претседава од Министрите за надворешни работи на двете Договорни страни и вклучува високи официјални претставници на двете Договорни страни.

2.Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот. Секоја од Договорните страни може, по потреба, да предложи организирање на дополнителни средби на Заедничката меѓувладина комисија.

Член 13

1.Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.

2.Овој Договор може да биде изменет со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.

3.Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.

Член 14.

Овој Договор, на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се Договорните страни.

 

Потпишан во................... на .............................. во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност.

 

ЗА                                                                                                                                                                                                            ЗА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА                                                                                                                                                            РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) министерот за информатичко општество и администрација донесе

 

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

[Преземи во PDF]

 

Предмет

Член 1

Со овој кодекс се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници.

 

Цел

Член 2

Целта на овој кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор.

 

Примена

Член 3

Етичките стандарди и правилата на однесување административниот службеник ги применува во односите со колегите, со претпоставените и со странките, на неговото работното место, но и во приватниот живот и јавноста.

 

Непочитување

Член 4

За непочитување на одредбите на овој кодекс, административниот службеник одговара дисциплински, согласно Законот за административни службеници.

 

Законитост

Член 5

Административниот службеник ги почитува законските прописи и никогаш не работи на начин за кој знае или се сомнева дека е незаконски, непрописен или неморален. Тој не подлегнува на притисоците за извршување на противуставни и незаконски работни задачи од претпоставените.

 

Професионалност

Член 6

Административниот службеник ги извршува работите посветено и професионално, врз основа на своите работни компетенции и на правилата и процедурите на службата.

Административниот службеник ја извршува работата самостојно и навремено, посветувајќи внимание и почитувајќи ги приоритетите и редоследот на задачите.

Административниот службеник се однесува одговорно и работи на градење и одржување на општото добро, растот и општествените вредности, создавајќи услови за одржлив човечки и социјален развој.

Административниот службеник работи на свое постојано стручно усовршување и зајакнување на работните компетенции и вложува во своето образование и лична надградба. Тој го користи наученото за подобрување на својата работа и развојот на институцијата и придонесува во градењето и одржувањето на институционалната меморија.

 

Непристрасност

Член 7

Административниот службеник во работењето и однесувањето постапува непристрасно, без предрасуди и без намера за остварување на лична корист или амбиција.

 

Демократски вредности и социјални права

Член 8

Административниот службеник во своето работење и однесување ги промовира демократските вредности и владеењето на правото и се залага за вклучување на граѓаните и засегнатите страни во процесот на креирање на политиките.

Административниот службеник во работењето и однесување ги почитува принципите на хуманост, еднаквост и социјална правда.

 

Недискриминација

Член 9

Административниот службеник во работењето и однесувањето овозможува остварување на уставно загарантираните права на еднаквост и недискриминација, преку создавање на можности и почитување на различностите, како и заштита од неправда, злоупотреба и дискриминација, по било кој основ.

Административниот службеник обезбедува еднакви стандарди при испорачувањето на услугите, преку фер и правичен однос.

 

Политичка неутралност

Член 10

Административниот службеник ги извршува работите политички неутрално, без да навлегува во вредносно преиспитување на утврдените политики.

Административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор.

Административниот службеник не ја истакнува, ниту ја наметнува на други својата политичка определба.

 

 Личен интегритет

Член 11

Административниот службеник со својот личен пример ги промовира вредностите како вистинитост, чесност и правичност и ги поттикнува другите административни службеници да постапуваат согласно овие вредности.

 

Застапување на јавниот интерес

Член 12

Административниот службеник не се доведува во состојба на судир на личниот со јавниот интерес и се спротивставува на секое нечесно, несовесно и недолично однесување во службата.

Во своето работење, административниот службеник го застапува јавниот интерес, правата и интересите на сите граѓаните и другите субјекти во заедницата, имајќи ги предвид развојните цели на општеството.

 

Злоупотреба на статусот на административен службеник

Член 13

Административниот службеник при вршење на приватни работи не ги користи предностите кои произлегуваат од неговиот статус на административен службеник заради остварување на негова лична корист.

Административниот службеник не нуди, ниту обезбедува било какви предности кои по било кој основ би биле поврзани со неговиот статус на административен службеник.

 

Постапување со информациите

Член 14

Административниот службеник им обезбедува вистинити, соодветни, навремени и целосни информации на граѓаните и јавноста, притоа почитувајќи го правото на приватност и заштитата на личните податоци.

Административниот службеник го олеснува пристапот до податоците со кои располага во своето работење и кои се потребни за остварување на правата и интересите на граѓаните и другите субјекти во заедницата.

Административниот службеник ги третира информациите до кои доаѓа во своето работење почитувајќи го системот на степенување на класифицирани информации.

Административниот службеник никогаш не ги злоупотребува информациите до кои дошол при вршење на работата, со цел напредување, заслуга или остварување на друг личен интерес.

 

Однесување на работното место, приватниот живот и јавноста

Член 15

Административниот службеник го разбира и доживува работењето во администрацијата како одговорна, угледна и почитувана професија. Без да се оневозможи остварување на правото на градење на сопствен став и јавно изразување на мислење, административниот службеник се воздржува од давање на штетни изјави за службата.

Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина.

Во своето однесување и дејствување надвор од работата, во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, административниот службеник претставува пример за соодветно и достоинствено однесување. Води кратки и концизни службени телефонски разговори, додека приватните телефонски разговори не ги води во присуство на странки или кога странките чекаат одговор или кога имаат намера да постават прашање.

Административниот службеник во јавните настапи во кои ја претставува институцијата изнесува исклучиво официјални ставови на институцијата во согласност со прописите и добиените овластувања и овој кодекс. Во јавните настапи во кои не ја претставува институцијата не изнесува податоци од делокругот на работа на институцијата и од работното место, со кои би се нарушил угледот на институцијата и би се поткопала довербата на граѓаните во администрацијата.

 

Постапување со предмети и документи

Член 16

Административниот службеник се грижи за безбедноста на доверените предмети и документи.

 

Однесување со странки

Член 17

Административниот службеник остварува отворена и редовна комуникација со граѓаните и правните лица, користејќи различни средства и начини за да ги информира за новините од делокругот на работење на институцијата.

Административниот службеник кон странките се однесува љубезно, учтиво, со јасно објаснување или советување дадено со смирен тон, должна почит и водење сметка дека истите се обраќаат заради остварување на нивните права, обврски и интереси.

Административниот службеник на предлозите добиени од странките им пристапува отворено и сериозно и постојано работи на подигнување на квалитетот на јавните услуги и на општественото живеење. Сите забелешки, критики и проблеми посочени од страна на странките ги сослушува со трпение и без предрасуди, а секогаш кога странките се незадоволни од одговорот бара арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник или пораката ја пренесува и упатува до него.

 

Однесување со колегите и претпоставените

Член 18

Административниот службеник во односот со колегите го негува духот и начелата на тимска работа, взаемно почитување, уважување на различностите, солидарност и соработка. Во комуникацијата со колегите не го повишува тонот, не навредува, ги избегнува конфликтните ситуации и покажува иницијатива за нивно спречување. Ја почитува приватноста и дискрецијата на колегите и соработниците, одбегнувајќи непрофесионален и субјективен пристап.

Административниот службеник преку отворена и искрена соработка гради меѓусебна доверба и ја унапредува организациска култура, со цел обезбедување на ефикасност и ефективност во работењето и висококвалитетни услуги за странките. Се залага за вреднување на заслугите и компетентноста и не поддржува несовесен и непримерен модел на однесување. Промовира грижа за колегите и работи на заштита и унапредување на остварувањето на нивните права и обврски. Го поттикнува професионалниот развој на колегите и соработниците преку споделување на искуството и знаењето.

Административниот службеник во односот со претпоставените, го почитува нивниот авторитет и положба, покажувајќи разбирање за воведување на технички, организациски и друг вид на промени.

 

Пристојно облекување

Член 19

Административниот службеник посветува внимание на изгледот и начинот на облекување, за да не предизвика впечаток на непристојност и нарушување на угледот на администрацијата. Формалниот начин на облекување ја изразува неговата почит кон службата, но и кон колегите, соработниците и странките.

 

Користење на ресурсите

Член 20

Административниот службеник кон ресурсите што му се дадени на користење, како и во вршењето на работата се однесува економично и ефикасно, користејќи ги исклучиво за службени потреби.

 

Потпишување на изјава

Член 21

Административниот службеник при вработувањето во службата потпишува Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е дадена во Прилог и е составен дел на овој кодекс.

 

Објавување

Член 22

Овој кодекс се објавува на веб страниците на институциите на јавниот сектор по неговото влегување во сила.

 

Влегување во сила

Член 23

Овој кодекс влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува со денот на отпочнувањето на примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14).

 

Бр. 14/2-3716/5

 

19 ноември 2014 година Министер,

 

Скопје м-р Иво Ивановски, с.р.

 

 

 

 ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЗАЕДНИЧКАТА МИСИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

 

Нашата мисија

 

Ние вработените во јавниот сектор, работиме со избраната власт во спроведување на визијата за просперитетна, независна, суверена и безбедна Република Македонија.

 

Придонесуваме за одржување на правдата и еднаквоста, водејќи се од начелата на законитост, стручност, компетентност, сервисна ориентираност, професионална етика, непристрасност, објективност, транспарентност, доверливост, одговорност и економично работење.

 

Нашата цел

 

Да изградиме одговорно општеството и создадеме најдобри можни услови за одржлив човечки, социјален и економски развој.

 

Да промовираме кохезија и хармонија во општеството - взаемно почитување, еднаквост и грижа за луѓето и општеството во целина.

 

Нашите клиенти

 

На граѓаните и на другите субјекти им обезбедуваме квалитетни, навремени и ефикасни услуги. Кон нив се однесуваме чесно, љубезно, пристојно, со должна почит и разбирање, обезбедувајќи фер однос.

 

Правиме сè за да им помогнеме на нашите клиенти во остварувањето на нивните права и интереси, истовремено водејќи грижа за јавниот интерес.

 

Нашите колеги

 

Ги почитуваме нашите колеги и соработници. Работиме на развој на заеднички потенцијал преку постојано стручно усовршување со што ги подобруваме знаењето, компетенциите и личните капацитети.

 

Промовираме добри меѓучовечки односи, работиме тимски, прифаќаме различности по каква било основа.

 

Поттикнуваме соработка и професионален развој преку заемно споделување на искуството и наученото.

 

Нашите верувања

 

Градиме доверба во институциите на системот преку целосна посветеност на нашите проекти и обезбедување на врвни услуги за нашите клиенти.

 

Промените ги прифаќаме како предизвик, верувајќи дека водат кон остварување на развојните цели на општеството.

 

Со нашето однесување и работење, придонесуваме кон создавање на институции кои се стремат кон одличност.

 

Преку учење од сопствените грешки и постапките на други постојано се подобруваме во своето работење.

 

Водени од нашите лидери и отворени за нови идеи и достигнувања во работењето, го трасираме патот кон стабилен напредок и просперитетно општество.

СПОГОДБА

(Превод на македонски јазик)

Original in English language - as signed [ Link ]

Конечната спогодба преведена на македонски јазик [ Преземи ]

 

КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 г. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ

ПРЕАМБУЛА 

Првата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите нации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните“, 

  • Повикувајќи се на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г., релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и вредностите и начелата на Совет на Европа,
  • Водени од духот и начелата на демократијата, почитувањето на човековите права и основни слободи и достоинство,
  • Придржувајќи се кон одредбите од Повелбата на Обединетите нации и особено оние коишто се однесуваат на обврската на државите во своите меѓународни односи да се воздржуваат од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава,
  • Нагласувајќи ја нивната целосна заложба за начелата за неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државите, содржани во Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г.,
  • Потврдувајќи ја постоечката граница меѓу нив како трајна меѓународна граница,
  • Целосно согласни запотребата од зајакнување на мирот, стабилноста, безбедноста и натамошното унапредување на соработката во Југоисточна Европа,
  • Со желба да ја зајакнат атмосферата на доверба и добрососедски односи во Регионот и трајно да ги прекинат сите непријателски ставови, коишто би можеле сè уште да опстојуваат и согласувајќи се за потребата од воздржување од иредентизам и ревизионизам во која било форма,
  • Повикувајќи се на нивната обврска, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, под каков било изговор и во која било форма, да не се мешаат во внатрешните работи и надлежноста на другата Страна,
  • Подвлекувајќи ја, исто така, важноста на развивањето на пријателски односи меѓу државите и потребата споровите да се решаваат на мирен начин, во согласност со Повелбата на Обединети нации,
  • Решавајќи ги разликите во согласност со Резолуцијата 817 (1993) од 7 април 1993 г. и Резолуцијата 845(1993) од 18 јуни 1993 г., на Советот за безбедност, како и член 5 од Привремената спогодба од 13 септември 1995 г. на достоинствен и одржлив начин, имајќи ги предвид важноста на прашањето и чувствителностите на секоја Страна,
  • Земајќи ја предвид Резолуцијата на Генералното собрание47/225 од 8 април 1993 г.,
  • Имајќи ја предвид Привремената спогодба, Меморандумот од 13 октомври 1995 г. за практичните мерки поврзани со Привремената спогодба, Меморандумот за заемно воспоставување на канцеларии за врски во Скопје и Атина од 20 октомври 1995 г., како и процесот на Мерките за градење на довербата,
  • Подвлекувајќи ја нивната силна желба за заемно пријателство, добрососедство и партнерство за соработка,
  • Со заложба да ги зајакнат, прошират и продлабочат своите билатерални односи и да постават цврсти темели за зајакнување и почитување на добрососедските односи и за развивање на нивната севкупна билатерална соработка,
  • Стремејќи се да ја зајакнат и прошират својата билатерална соработка и да ја надградат на ниво на стратешко партнерство, во областите на земјоделството, цивилната заштита, одбраната, економијата, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, политичките односи, туризмот, трговијата, прекуграничната соработка и транспортот, ползувајќи ги притоа придобивките од постоечките Мерки за градење на довербата, 

Се договорија за следново:

ДЕЛ 1 

РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕTO, НЕЗАОКРУЖЕНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ИСТОТО И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ 

ЧЛЕН 1

1. Оваа Спогодба е конечна и со нејзиното влегување во сила престанува да важи Привремената спогодба меѓу Страните, потпишана во Њујорк, на 13 септември 1995 г.

2. Страните го прифаќаат како обврзувачки исходот од преговорите, коишто се одвиваа под покровителство на Обединетите нации, а кои Страните беа обврзани да ги водат во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 945 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и во согласност со Привремената спогодба од 1995 г.

3. Согласно тие преговори, заемно е прифатено и договорено следново: 

а) Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“. 

б) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи. 

в) Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде „македонски јазик“,како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 г. и како што е опишано во член 7, став (3) и став (4) од оваа спогодба. 

г) Термините „Македонија“ и „македонски“ го имаат значењето дадено во член 7 од оваа спогодба. 

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). 

ѓ) Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“. Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавкатаво однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7, став (3) и став (4). Употребата на придавката за активности може да биде во согласност со член 7, став (3) и став (4). Ова не влијае на процесот воспоставен според член1, став 3 (ж) и на постојните сложени имиња на градовите на датумот на потпишување на оваа спогодба. 

е) Втората страна ќе го прифати името „Република Северна Македонија“ како нејзиното официјално име, како и термините наведени во член 1, став (3), спроведувајќи внатрешна постапка која е и обврзувачка и неотповиклива и ќе вклучи усвојување на амандман на Уставот, како што е договорено со оваа спогодба. 

ж) Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја. 

4. По потпишувањето на оваа спогодба, Страните ќе ги спроведат следниве чекори: 

а) Втората страна без одлагање ќе ја поднесе Спогодбата до Собранието за ратификација. 

б) По ратификацијата на Спогодбата во Собранието на Втората страна, Втората страна ќе ја извести Првата страна дека Собранието на Втората страна ја ратификувало Спогодбата. 

в) Втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум. 

г) Втората страна ќе ја започне постапката за усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба. 

д) Втората страна во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 г. 

ѓ) По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на погоренаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, Првата страна веднаш ќе ја ратификува оваа спогодба. 

5. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните ќе го употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 во сите релевантни меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, вклучително и на сите состаноци и во вкупната кореспонденција и во сите нивни билатерални односи со сите држави - членки на Обединетите нации. 

6. Конкретно, веднаш по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе: 

а) Ги извести сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, чиј член е, за влегувањето во сила на оваа спогодба и потоа ќе побара од сите тие организации, институции и форуми да го прифатат и употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели. Двете Страни, исто така, ќе и се обраќаат на Втората страна во согласност со член 1, став 3 во вкупната комуникација кон, со и во рамките на таквите организации, институции и форуми. 

б) Ги извести ситe држави - членки на Обединети нации за влегувањето во сила на оваа спогодба и ќе побара од истите да го прифатат и да го користат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели, вклучително и во сите свои билатерални односи и комуникација. 

7. По влегување во сила на оваа спогодба и во согласност со одредбите од член 1, став (9) и став (10) термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „ПЈР. Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката „пјРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Втората страна во каков било официјален контекст. 

8. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а земајќи го предвид член 1, став (9) и став (10), Страните ќе го користат името и термините од член 1, став 3 за сите намени и цели erga omnes, односно за внатрешна употреба, потоа во сите свои билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции. 

9. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали. 

10. Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“: 

а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба. 

б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. 

11. Постапките за брзо усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, а со цел целосно спроведување на одредбите од оваа спогодба, ќе започнат по ратификацијата на оваа спогодба од нејзиното Собрание или по референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум. 

12. Името и термините наведени во член 1 од оваа спогодба ќе бидат вградени во Уставот на Втората страна. Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман. Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот. Натаму, Втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, член 3 и член 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот. 

13. Во случај на грешки и пропусти во правилната употреба на името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во вкупните билатерални односи на Втората страна со трети држави и ентитети, која било од Страните може да побара веднаш да се изврши корекција и да се одбегнуваат слични грешки во иднина. 

ЧЛЕН 2 

1. Првата страна се согласува да не приговара на барањата за членство или членството на Втората страна, под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во меѓународните, мултилатералните и регионални организации и институции, во кои членува Првата страна. 

2. Втората страна ќе бара прием во меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба. 

3. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а во согласност со член 1 од истата, Првата страна ќе ратификува каква било спогодба за пристапување на Втората страна кон меѓународни организации, во кои членува Првата страна. 

4. Конкретно, во однос на процесот на интеграција на Втората страна во Европска унија (ЕУ) и Северно-атлантската договорна организација (НАТО), ќе се применува следното: 

а) Втората страна ќе бара членства во НАТО и ЕУ под името и термините од член 1 од оваа спогодба. Зачленувањето во НАТО и ЕУ ќе се одвива со истото име и термини. 

б) По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа спогодба, Првата страна веднаш: 

(i) ќе го извести Претседателот на Советот на Европската Унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна во Европската Унија, под името и термините од член 1 од оваа спогодба. 

(ii) ќе го извести генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна. Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа спогодба, и второ, со целосното усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба. По добивањето на известување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО. Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа спогодба. 

ЧЛЕН 3 

1. Страните со ова ја потврдуваат нивната постоечка меѓусебна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница. Ниту една од Страните нема да има или да поддржува никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата Страна, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница. Покрај тоа, ниту една од Страните нема да поддржувакакви било вакви претензии кои може да ги изнесат трети страни. 

2. Секоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна. Ниту една од Страните нема да поддржува какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата Страна. 

3. Двете Страни ќе се воздржуваат, а во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обедините нации, од закани или употреба на сила, вклучително и од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница. 

4. Двете Страни се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат, поддржуваат и/или толерираат какви било дејности или активности од непријателски карактер насочени против другата Страна. Ниту една од Страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата Страна од трети страни, организации, групи или поединци, коишто изведуваат или се обидуваат да изведат субверзивни, сецесионистички дејствија, или дејствија или активности коишто претставуваат закана на каков било начин за мирот, стабилноста или безбедноста на другата Страна. Секоја од Страните без одлагање ќе ѝ пренесе на другата Страна информации кои истата ги поседува во однос на такви дејности или намери. 

ЧЛЕН 4 

1. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може и не треба да се толкува на начин, кој преставува или кога било ќе претставува основа за претензија кон која било област која не е во рамките на нејзините постоечки меѓународни граници. 

2. Секоја од Страните се обврзува да не дава, ниту да одобрува какви било иредентистички изјави и дека нема да одобрува какви било вакви изјави дадени од оние кои тврдат дека дејствуваат во името или во интерес на една од Страните. 

3. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или не треба да се толкува на начин кој преставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани. 

ЧЛЕН 5  

1. Во вршењето на своите работи, Страните ќе се раководат од духот и начелата на демократијата, фундаменталните слободи, почитувањето на човековите права и достоинство и владеењето на правото, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права , Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи , Меѓународната конвенција за елиминација на сите форма на расна дискриминација , Конвенцијата за правата на детето , Завршниот документ од Хелсинки, Документот од состанокот во Копенхаген на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа и Париската повелба за нова Европа, и други меѓународни спогодби и инструменти кон кои пристапиле двете Страни. 

2. Ниту една одредба од кој било инструмент наведен во ставот 1 погоре нема да се толкува дека ѝ дава право на која било од Страните да презема дејствија спротивни на целите и начелата на Повелбата на Обедините нации или Завршниот документ од Хелсинки, вклучително и спротивно на начелото на територијален интегритет на државите. 

ЧЛЕН 6 

1. Со цел јакнење на пријателските билатерални односи, секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за забрана на какви било непријателски активности, дејствија или пропаганда од страна на државни органи или органи под директна или индиректна контрола на државата и ќе спречи дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна. Доколку се јават такви дејствија, двете Страни ќе ги преземат сите потребни мерки. 

2. Секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за да обесхрабри и спречи какви било дејствија од приватни ентитети, дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна. Доколку приватен ентитет на територијата на која било од Страните спроведува такви дејствија без знаење на таа Страна, таа Страна, откога ќе дознае за таквите дејствија, веднаш ќе ги преземе неопходните мерки, предвидени со закон. 

3. Секоја од Страните ќе спречува и обесхрабрува дејствија, вклучително и дејствија на пропаганда од страна на приватни ентитети, дејствија коишто многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна. 

ЧЛЕН 7

1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. 

2. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден. 

3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). 

4. Втората страна изјавувадека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна. 

5. Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни. 

ЧЛЕН 8 

1. Доколку која било од двете Страни верува дека еден или повеќе симболи кои преставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство ги употребува другата Страна, таа за таквата наводна употреба ќе ѝ укаже на другата Страна, а другата Страна ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да се справи со прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство. 

2. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство. 

3. Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба. 

4. Секоја од Страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними. 

5. Во рок од еден месец од потпишувањето на оваа спогодба, Страните преку размена на дипломатски ноти, на рамноправна основа, ќе формираат Заеднички интередисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, којшто ќе го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди. Министерствата за надворешни работи на двете Страни ќе ја надгледуваат работата на Комитетот, а во соработка со други надлежни државнивласти. Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. За оваа цел, Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањето на оваа спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања. Комитетот, исто така, ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Комитетот редовно ќе се состанува, а најмалку двапати годишно и ќе поднесува годишен извештај за своите активности, како и препораки кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво, кој ќе се формира во согласност со член 12. 

6. Страните прифаќаат дека наведените заемно прифатени решенија, коишто произлегуваат од преговорите, ќе придонесат кон конечното воспоставување на мирољубиви и добрососедски односи во Регионот, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации. 

ДЕЛ 2 

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ И ЗБОГАТУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕ СТРАНИ

ЧЛЕН 9  

1. Страните се согласуваат дека нивната стратешка соработка ќе ги опфати сите сектори, како што се земјоделство, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, животна средина, индустрија, инфраструктура, инвестиции, политички односи, туризам, трговија, прекугранична соработка и транспорт. Ваквата стратешка соработка ќе се применува не само во секторите опфатени со оваа спогодба, туку исто така и во оние сектори кои во иднина ќе се сметаат за корисни и неопходни за двете земји. Сите овие сектори треба да се вградат во сеопфатен акциски план во текот на развивањето на билатералните односи. 

2. Постоечките Мерки за градење на довербата ќе бидат вградени во наведениот акциски план. Акцискиот план има за цел спроведување на одредбите од овој дел од оваа спогодба. Акцискиот план континуирано ќе се збогатува и развива. 

ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ 

ЧЛЕН 10 

По влегувањето во сила на оваа спогодба:

1. Првата страна веднаш ќе го подигне нивото: 

а) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Втората страна на ниво на амбасада; и 

б) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Битола во Втората страна на ниво на генерален конзулат; и 

2. Втората страна веднаш ќе го подигне нивото:

а) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Првата страна на ниво на амбасада; и 

б) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Thessaloniki (Солун) на ниво на генерален конзулат. 

СОРАБОТКА ВО КОНТЕКСТ НА МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОРУМИ 

ЧЛЕН 11 

Страните тесно ќе соработуваат, билатерално и во рамките на регионалните организации и иницијативи, со цел да обезбедат дека Југоисточна Европа ќе стане регион на мир, раст и просперитет за нејзините народи. Тие ќе ја унапредуваат и ќе соработуваат во дефинирањето на соработката на регионално ниво, а меѓу другото, ќе соработуваат и на заемната поддршка на нивните кандидатури во контекст на меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции, како што се Обединетите нации, ОБСЕ и Советот на Европа.

ПОЛИТИЧКА И ОПШТЕСТВЕНА СОРАБОТКА 

ЧЛЕН 12 

1. Страните се согласуваат да ги зајакнат и натаму да ги развиваат своите билатерални политички односи, преку редовни посети, состаноци и консултации на високо политичко и дипломатско ниво. 

2. Страните ќе формираат Совет за соработка на високо ниво (ССВН), кој ќе го сочинуваат претставници на нивните влади, заеднички предводен од нивните премиери. 

3. ССВН ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа спогодба и акцискиот план кој ќе произлезе од истата. ССВН ќе донесува одлуки и ќе промовира активности и мерки за подобрување и надградување на билатералната соработка меѓу двете Страни и ќе разгледува какви било прашања кои може да произлезат во текот на спроведувањето на оваа спогодба и акцискиот план што ќе произлезе од истата, а со цел решавање на таквите прашања. 

4. Страните се убедени дека развојот и јакнењето на непосредните контакти меѓу луѓето се од суштинско значење за развој на пријателството, соработката и добрососедството меѓу Страните и нивните народи. Тие ќе ги поддржуваат и поттикнуваат таквите контакти и средби меѓу нивните граѓани на сите соодветни нивоа. 

5. Страните ќе дадат поддршка и ќе ги поттикнат контактите меѓу нивните граѓански општества, како и меѓу нивните институции и локални власти, вклучително и активностите за соработка меѓу младите и студентите, како и нивна размена, а со цел постигнување на подобро разбирање и соработкамеѓу нивните народи. 

ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

ЧЛЕН 13 

Земајќи го предвид фактот дека Втората страна е држава без излез на море, Страните ќе се раководат од релевантните одредби на Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, колку што истата е применлива во практика и при склучување спогодби наведени во член 18 од оваа спогодба. 

ЧЛЕН 14 

1. Страните натаму ќе ја развиваат нивната економска соработка во сите области. Особен фокус ќе се стави на јакнење, зацврстување и продлабочување на нивната билатерална соработка во областа на земјоделството, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, туризмот, трговијата и транспортот. За постигнување на овие цели, Страните ќе ги исползуваат и искористат постоечките Мерки за градење на довербата, коишто претставуваат заемно корисна платформа за соработка, која ќе се развие во акциски план. 

2. Страните ќе поттикнуваат заемни инвестиции и ќе ги преземат сите неопходни мерки за нивна делотворна заштита, вклучително и мерки против прекумерна бирократија и за надминување на институционалните, административните и даночни пречки. Страните особено ќе се фокусираат врз соработката меѓу компаниите, деловните субјекти и индустриите на секоја од Страните. 

3. Страните ќе се воздржат од наметнување на каква било пречка за движењето на луѓе и стоки меѓу нивните територии и преку територијата на која било од двете Страни на територијата на другата Страна. Страните ќе соработуваат за да го олеснат таквото движење во склад со меѓународното право. 

4. Страните ќе ја развиваат и поттикнуваат нивната соработка во енергетскиот сектор, имено преку изградба, одржување и искористување на интерконективни гасоводи и нафтоводи (постоечките, оние коишто се во изградба и проектираните), а ќе соработуваат и во однос на изворите на обновлива енергија, вклучително и на соларни, на ветер и хидроелектрични капацитети. Можните нерешени прашања брзо ќе се разгледаат и ќе се постигне заемно прифатливо решение, при што особено ќе се земе предвид Европската политика за енергија и европското законодавство во оваа област. Првата страна ќе ѝ помогне на Втората страна преку соодветно пренесување на знаења и експертиза. 

5. Страните ќе промовираат, прошируваат и подобруваат кооперативна синергија во областите на инфраструктурата и транспортот, а на реципрочна основа и во областите на патниот, железничкиот, поморскиот и воздушниот транспорт и комуникациски врски, користејќи ги најдобрите достапни технологии и практики. Тие, исто така, ќе го овозможат транзитот меѓу нив на стоки, товар и стоки преку инфраструктурата, вклучително и преку пристаништа и аеродроми, на територијата на секоја од Страните. Страните ќе се придржуваат кон меѓународните правила и регулативи во однос на транзитот, телекомуникациите, знаците и кодовите. Првата страна ќе го направи тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и други меѓународни инструменти. Втората страна ќе го стори тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членството во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации каде истата членува во времето на влегување во сила на оваа спогодба, како и обврските кои ќе произлезат од нејзиното членство во Европската Унија, откога ќе се предложи нејзиното пристапување кон истата. 

6. Страните ќе настојуваат да ги подобрат и модернизираат постоечките гранични премини, како што тоа го бара протокот на сообраќај, а исто така ќе градат и нови гранични премини, со цел да се поттикне туристичката и трговска размена меѓу нив. 

7. Страните ќе преземаат мерки за да обезбедат заштита на животната средина и зачувување на природната средина во прекуграничните води и нивното опкружување и ќе соработуваат во настојувањата за намалување и отстранување на сите форми на загадување. Страните ќе настојуваат да развиваат и усогласат стратегии и програми за регионална и меѓународна соработка за заштита на животната средина. 

8. Страните ќе дадат поддршка за проширување на туристичката размена и за развојот на нивната соработка на полињата на алтернативниот туризам, вклучително и културниот, верскиот, образовниот, медицинскиот и спортскиот туризам и ќе соработуваат за подобрување и унапредување на деловните и туристички патувања меѓу нив. 

9. Страните ќе формираат Заеднички министерски комитет (ЗМК) кој ќе има за цел да ја постигне најдобрата можна соработка во погоре споменатите сектори на економското партнерство, вклучително и преку организирање на заеднички деловни форуми. Комитетот ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе управува со текот на билатералната економска соработка, со сеопфатната примена на релевантни секторски дејности, спогодби, протоколи и договорни рамки, како и сите идни релевантни спогодби. Страните поттикнуваат што е можно поблиска соработка меѓу нивните стопански комори. 

СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА, КУЛТУРАТА, ИСТРАЖУВАЊЕТО, ТЕХНОЛОГИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО И СПОРТОТ

ЧЛЕН 15 

Во добата на новата индустриска револуција и втората генерација на машините, продлабочувањето на соработката меѓу државите и општествата е неопходно повеќе од кога било, особено во однос на општествените активности, технологијата и културата и во потесна и во поширока смисла. Со цел развој на таквата соработка: 

1. Страните ќе ја развиваат и подобруваат нивната научна, технолошка и техничка соработка, како и нивната соработка во областа на образованието. Тие ќе ја интензивираат нивната меѓусебна размена на информации и на научна и техничка документација и ќе настојуваат заемно да го подобрат пристапот кон научните и истражувачки институции, архиви, библиотеки и слични институции. Страните ќе дадат поддршка на инцијативи од научните и образовните институции, како и од поединци кои се насочени кон подобрување на соработката и размената во областите на науката, технологијата и образованието. 

2. Страните ќе дадат поддршка и ќе поттикнат настани, како и научни наставни програми во кои ќе учествуваат припадници на нивните научни и академски заедници. Тие, исто така, ќе дадат поддршка и ќе го поттикнуваат организирањето на билатерални и меѓународни конференции во овие области. 

3. Страните придаваат големо значење на развојот на истражувањето, како и примената и искористувањето на новите технологии, вклучително и на дигиталната технологија и нанотехнологијата, на начин со кој се зачувува животната средина и се надградуваат вештините, капацитетите и вкупната добросостојба на нивните граѓани. За оваа цел, Страните ќе ја развиваат соработката меѓу нивните истражувачки центри, истражувачи и системите на академските институции. 

4. Страните особено ќе се фокусираат на развојот на културните односи меѓу двете држави, нивните општества и општествени групи, при тоа особено земајќи ги предвид уметноста, танцот, кинематографијата, музиката и театарот. Во овој контекст, особена важност се придава на спорот. Ќе се унапредува билатералната соработка во областа на здравството, вклучително и здравствената заштита. 

ПОЛИЦИСКА И СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТА 

ЧЛЕН 16 

1. Страните тесно ќе соработуваат во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, тероризмот, стопанскиот криминал, особено против криминалот поврзан со нелегалната трговија и/или експлоатација на луѓе, криминалот поврзан со производство, недозволена трговија и/или нелегална трговија на наркотични дроги и психотропни супстанци, нелегалното производство и трговија со оружје, негови резервни делови и компоненти, како и муниција, потоа нелегалниот увоз, извоз и пренос на сопственост на културен имот, како и против дела против цивилното воздухопловство и дела поврзани со фалсификување и/или криумчарење на цигари, алкохол или горива. 

2. Страните тесно ќе соработуваат во областа на цивилната заштита, особено фокусирајќи се на спречување и справување со природни и катастрофи предизвикани од човекот и на активности за справување со последиците од катастрофите. Секоја Страна може да ја искористи специјализираната едукација и експертизата на другата Страна и секогаш кога е тоа потребно и можно секоја Страна на другата Страна ќе ѝ овозможи користење на нејзината специјална инфраструктура, особено за противпожарна заштита.

Страните може да ја разгледаат можноста за воспоставување на релевантен механизам за помош во спроведувањето на одредбите од овој член. 

ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА 

ЧЛЕН 17 

Страните ќе ја зајакнат и прошират нивната соработка во областа на одбраната, вклучително и преку чести посети и контакти меѓу политичките и воени лидери на нивните вооружени сили, потоа преку соодветен пренос на знаења и помош за градење на капацитетите, соработката во областите на производство, информирање и заеднички воени вежби. Страните особено ќе се фокусираат врз обуката на персоналот која Страните може меѓусебно да ја обезбедат. 

ДОГОВОРНИ ОДНОСИ

ЧЛЕН 18 

1. По влегувањето во сила на оваа спогодба, во нивните односи, Страните ќе се раководат од одредбите на следните билатерални спогодби кои биле склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна, на 18 јуни 1959 г.: 

а) Конвенцијата за заемни правни односи, 

б) Спогодба во врска со реципрочното признавање и спроведување на судски одлуки, и 

в) Спогодба за прашања од областа на водостопанството. 

2. Страните се согласуваат дека по влегувањето во сила на оваа спогодба, сите меѓународни документи кои се билатерално правно обврзувачки за Страните ќе останат во сила, освен тие чие престанување на важност е конкретно предвидено со оваа спогодба. 

3. Страните меѓусебно ќе се консултираат со цел да идентификуваат други спогодби склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и првата Страна, коишто тие ќе сметаат дека се соодветни да се применуваат во нивните односи. 

4. Страните се обврзуваат да ги истражат сите можности за склучување на дополнителни билатерални спогодби, потребни во областите од заемен интерес. 

ДЕЛ 3

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

ЧЛЕН 19

1. Страните сите спорови ќе ги решаваат единствено со мирољубиви средства, во согласност со Повелбата на Обедините нации. 

2. Во случај една од Страните да смета дека другата Страна не дејствува во согласност со одредбите од оваа спогодба, таа Страна прво за својата загриженост ќе ја извести другата Страна и ќе се бара решение преку преговори. Доколку Страните не можат прашањето да го решат билатерално, Страните може да се согласат да побараат од генералниот секретар на Обединетите нации да ги употреби неговите добри услуги за решавање на прашањето. 

3. Секој спор што ќе се јави меѓу Страните во однос на толкувањето или спроведувањето на оваа спогодба и кој нема да се реши во согласност со постапките наведени во член 19, став (2), може да се поведе пред Меѓународниот суд на правдата. Страните прво треба да настојуваат да постигнат согласност со цел заеднички да поведат таков спор пред наведениот суд. Сепак, доколку не се постигне таква согласност во рок од шест месеци, или за подолг период за кој заемно ќе се согласат двете Страни, тогаш таквиот спор пред истиот суд може да го поведе секоја Страна поединечно. 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

ЧЛЕН 20 

1. Оваа спогодба ќе ја потпишат министрите за надворешни работи на двете Страни. 

2. Оваа Спогодба е предмет на ратификација, во согласност со последователната постапка предвидена во член 1, став (4). 

3. По завршувањето на неопходните внатрешно-правни постапки потребни за влегување во сила на оваа спогодба, како што е предвидено во член 1, во рок од две недели, Страните за истото писмено меѓусебно ќе се известат. Оваа спогодба ќе влезе во сила на датумот на прием на последното известување од односната Страна. 

4. Член 8, став (5) ќе се применува привремено и пред влегувањето во сила на оваа спогодба. Доколку оваа спогодба не влезе во сила, оваа спогодба, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту каква било друга и истата нема на кој било начин да ја обврзува која било од Страните. 

5. Разликата и преостанатите прашања наведени во Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на оваа спогодба. 

6. Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните или една од Страните ќе го извести генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации. 

7. Оваа спогодба не е насочена против која било друга држава, ентитет или лице. Таа не ги загрозува правата и должностите кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби кои се веќе во сила, а кои двете Страни ги склучиле со други држави или меѓународни организации. 

8. Првата страна ќе ја применуваа оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти. Слично, Втората страна ќе ја применува оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската Унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство. 

9. Одредбите од оваа спогодба остануваат во сила за неопределен период и се неотповикливи. Не се дозволени никакви измени на одредбите од член 1, став (3) и став (4) од оваа спогодба. 

10. Оваа спогодба ќе биде регистрирана во Секретаријатот на Обединетите нации во согласност со член 102 од Повелбата на Обединетите нации, веднаш штом влезе во сила. 

ВО СВЕДОШТВО НА ТОА, Страните преку своите должно овластени претставници, ги потпишаа трите примерока од оваа конечна спогодба, на англиски јазик.

On 14 February 2019, following an agreement with Greece, the name of our country changed. You can read the agreement here. Still, exactly how to describe us can be confusing! What follows is an explanation of what we have agreed in Prespa and how to describe us, our country and our institutions:

North Macedonia Made Simple

Q: What exactly is the correct name of your country now?

A: Officially we are now the Republic of North Macedonia, though just North Macedonia is fine. Be careful though: We are not Northern Macedonia.

 


 

Q: So are your citizens North Macedonians now?

A: No! They are of course Macedonian citizens and citizens of the Republic of North Macedonia, but otherwise it is absolutely correct to describe ethnic Macedonians simply as Macedonians, without the adjective “North”. And actually don’t use the term North Macedonian at all, but we will get to that.

 


 

Q: But surely your language is North Macedonian now?

A: No. It is just Macedonian, exactly as it was before the agreement with Greece.

 


 

Q: I need to know your country codes. Have they changed?

 

A: No. They remain the same as before: MK and MKD.

 


 

Q: I am going to write a story about food in your country. Should I talk about North Macedonian cuisine?

A: No. When describing anything related to our ethnic or cultural identity the adjective Macedonian alone is correct while North or Northern Macedonian would be wrong. Some correct examples include: Macedonian culture, Macedonian history, Macedonian literature, the Macedonian Cyrillic alphabet, Macedonian churches, Macedonian ethnic identity and so on. Bear in mind however, Macedonia and Macedonians, mean something distinctly different in Greece.

 


 

Q: So, if I have lunch with your president what should I say?

A: Good point! You would be correct to say that the President of North Macedonia served you a lunch of delicious Macedonian specialties. It would not be correct to say that you had lunch with the North Macedonian president.

 


 

Q: This is confusing! Why is he or she the President of North Macedonia but not the North Macedonian president while your food is just Macedonian?

A: As part of the deal with Greece we have agreed not to describe any state body as North Macedonian. Anything connected to the state, the government, the presidency, private entities and actors related to the state or activities financed by the state abroad will use the adjective North but it is not necessary to use it otherwise, for example for food. So, our country is run by the Government of North Macedonia, our head of state is the President of North Macedonia, foreign affairs are run by the Ministry of Foreign Affairs of North Macedonia and so on. North Macedonia should also be used for all other official bodies too, for example, local municipalities and Saints Cyril and Methodius University. For example: “Tetovo is a municipality in North Macedonia where it is common to hear people speak in either Macedonian or Albanian. Likewise: “Saints Cyril and Methodius University is the oldest university in North Macedonia. I went there to do an interview about the Macedonian economy.” Again, be careful – not North Macedonian. Yes, it is complicated, but it took us 27 years to get to this agreement!

 


 

Q: Does the United Nations know about all this?

A: Of course! We notified them officially and everything described here is officially lodged with them here.

Имајќи ја предвид неодамнешната промена на официјалното име на Северна Македонија, доставуваме водич што би се користел при давање опис за нашата земја согласно Договорот од Преспа. Најљубезно молиме да ги употребувате следните термини:

  • Официјалното име на земјата: „Република Северна Македонија”; Кратко име: „Северна Македонија”.
  • Националност (државјанство): Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија
  • Официјален јазик: „Македонски јазик”
  • Кодови за земјата: МК  и МКД
  • Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот,  нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.

Неправилни примери: Други придавки,  вклучително и „Северно македонски”,  „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.

  • Придавната форма за државата, нејзините официјални органи и другите јавни институции како и приватните ентитети и актери што се поврзани со државата, воспоставени со закон, и уживаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, треба да биде: „на Република Северна Македонија” или „ Северна Македонија”.

Правилни примери за државата, нејзините официјални органи и останати јавни институции: Влада на Република Северна Македонија, Претседател на Северна Македонија, Министер за надворешни работи на Северна Македонија, Министерот за одбрана на Северна Македонија, Општина Охрид  од Северна Македонија,  Универзитет Св. Кирил и Методиј од Северна Македонија.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „Македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.

  • Придавните форми за активности исто така можат да бидат „македонски/о/а”

Правилни примери: македонска економија, здравствен сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска архитектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија итн.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.


Duke marrë parasysh ndryshimin e fundit të emrit zyrtar të Maqedonisë së Veriut, paraqesim udhëzues që do të mund të përdoret gjatë  përshkrimit të vendit tonë në përputhje me Marrëveshjen e Prespës.

  • Ju lusim t’i përdorni termat në vijim:
  • Emri zyrtar i shtetit: “Republika e Maqedonisë së Veriut”; Emri i shkurtër: “Maqedonia e Veriut”.
  • Shtetësia: Maqedonase /qytetar i Republikës së Maqedonisë së Veriut
  • Gjuhë zyrtare : Gjuha maqedonase
  • Kodet e shtetit: MK dhe MKD
  • Mbiemri  “maqedonas /maqedonase” të përdoret kur  ka të bëjë me identitetin etnik dhe kulturor të popullit, gjuhës sonë, historisë, kulturës, trashëgimisë, territorit dhe karakteristikat e tjera. Termat e tilla në këtë kontekst janë veçanërisht të ndryshme nga ato që përdoren dhe që kanë të bëjnë me rajonin e Maqedonisë në Greqi.

Shembuj për përdorim të drejtë: Identiteti etnik maqedonas, gjuha maqedonase, kultura maqedonase, territori maqedonas, populli maqedonas, historia maqedonase, malet maqedonase, letërsia maqedonase, shkrimi cirilik maqedonas, ushqimi maqedonas, kishat maqedonase e të tjera.

Shembuj me përdorim të gabuar: mbiemra të tjerë, duke përfshirë edhe "Maqedonaso-veriorë", “Maqedonisë V.” dhe “Maqedonasoveriorë”, nuk duhet të përdoren.

  • Forma shtuese për shtetin, organet e tij zyrtare dhe institucionet e tjera publike, si dhe subjektet private dhe aktorët, që kanë të bëjnë me shtetin të themeluar me ligj dhe shfrytëzojnë mbështetje financiare nga shteti për veprimtari jashtë shtetit, duhet të jetë: “ i Republikës së Maqedonisë së Veriut” ose “Maqedonia e Veriut”.

Shembuj me përdorim të drejtë për shtetin, organet e tij zyrtare dhe institucionet e tjera publike: Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, Kryetari i Maqedonisë së Veriut, Ministri i Punëve të Jashtme i Maqedonisë së Veriut, Ministri i Mbrojtjes i Maqedonisë së Veriut, Komuna e Ohrit e Maqedonisë së Veriut, Universiteti “Shën Kirili dhe Metodi”i Maqedonisë së Veriut.

Shembuj me përdorim të gabuar: mbiemra të tjerë, duke përfshirë edhe “Maqedonaso-veriorë”, “i Maqedonisë”, “Maqedonisë V.” dhe “Maqedonasoveriorë”, nuk duhet të përdoren në këto forma.

  • Format shtuese për veprimtaritë gjithashtu mund të jenë “maqedonas / maqedonase”

Shembuj me përdorim të drejtë: ekonomia maqedonase, sektori shëndetësor i Republikës së Maqedonisë së Veriut, arti maqedonas, muzika maqedonase, bujqësia maqedonase, arkitektura maqedonase, industria ushqimore e Maqedonisë së Veriut etj.

Shembuj me përdorim të gabuar: mbiemra të tjerë, duke përfshirë "Maqedonaso-veriorë",“Maqedonisë V.” dhe “Maqedonasoveriorë ”, nuk duhet të përdoren në këto raste.

Мени за пристапност