Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија - Зоран Димитровски

Зоран Димитровски

Зоран Димитровски

Заменик министер во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија

Зоран Димитровски е назначен за Заменик министер во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија на 23 јули 2024 година.



Зоран Димитровски е професионален новинар, кој работел 35 години за главните македонски печатени медиуми. За време на својата професионална кариера тој е главен и одговорен уредник на три македонски дневни весници, Нова Македонија, Вечер и Дневник, како и на политичкиот неделник Фокус.



Од 2001 до 2004 г. e дописник на „Нова Македонија“ од Вашингтон, САД.



Aвтор e на повеќе од 1500 новинарски текстови, есеи, колумни, анализи, интервјуа, истражувачки приказни, објавени во македонските печатени и електронски медиуми.



Во 1988 г. дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј, а во 1995 г. магистрира политички науки на Централниот европски универзитет во Будимпешта, Унгарија.



Предава Критичко размислување и аналитичко пишување на постдипломските студии по Менаџмент на медиуми и Менаџмент на стратегиски комуникации во Институтот за комуникациски студии во Скопје.



Од 2010 до 2015 г. е ангажиран како предавач во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста по предметите Пишување, Новинарско пишување и Истражувачко новинарство.



Инструктор е на повеќе стручни обуки за истражувачко новинарство, известување за време на избори, стори-телинг новинарство, за феноменот лажни вести и други стручни обуки во организација на Здружението на новинарите на Македонија, Институтот за комуникациски студии, фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и др. Во 2019 г. се придружува на Демократскиот сојуз, политичка партија од центарот, и е избран за генерален секретар на партијата.



Од 2020 до 2023 г. беше заменик министер за локална самоуправа.

Мени за пристапност