Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Често поставувани прашања (FAQ)

Често поставувани прашања (FAQ)

 

Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Броеви за контакт од Државен завод за статистика

071 48 33 13 (редовна линија, Viber, WhatsApp) - за македонски јазик 

071 48 32 91 (редовна линија, Viber, WhatsApp) - за албански јазик

 

Корисни линкови за ПОПИС 2021:

Имате прашања и дилеми поврзани со COVID-19? На овој линк ќе можете да најдете одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со темата.

  • Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
  • Наплата на конзуларна такса 
  • Се приложува извод од Матична книга на родени или друг документ со фотографија, 
  • Лична карта ( на родителот- подносител) 
  • Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.

За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години, за лица на возраст од 4-27 години, пасошот се издава со рок на важење од 5 години, за лица до навршени 4 години живот, пасошот се издава со рок на важење од 2 години. 

При поднесување на барањето за издавање на пасош од граѓанинот се земаат биометриски податоци- фотографија, отпечатоци од два прста, како и своерачен потпис во дигитална форма. За малолетни лица до 12-годишна возраст не се врши земање на отпечатоци од прсти.   

  • Потврда за буква
  • Потврда за име
  • Потврда за државјански статус
  • Потврда за живот – за корисници на македонска пензија
  • Потврда за отслужена воена обврска
  • Потврда за примено барање за отпуст од државјанство и др.
  • Молба, се пополнува во Амбасадата
  • Патна исправа на пријавителот на смртта
  • Патна исправа на починатото лице –истата се поништува
  • ИМКУ од органите на земјата каде што лицето починало (интернационален или оригинален со превод на македонски јазик)
  • Такса согласно ЗАТ
  • Молба (се пополнува во Амбасадата)
  • Барање за запишување на брак во матичната книга на венчаните на Република Северна Македонија (се пополнува во Амбасадата)
  • Извод од матичната книга на венчаните на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од матичната книга на венчаните треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  • Уверенија од државјанство на Република Северна Македонија
  • Патни исправи (горенаведените документи се доставуваат во оригинал и копија)
  • Доказ за законски престој во државата каде што е склучен бракот 

За упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче) потребни документи се:

  • Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
  • Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени од родителите 
  • Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
  • 100 ден. административна такса (Уплатница)
  • Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето.

Треба да поднесете барање за запишување во книгата на родени и регистарот на државјани во матичната служба во местото на живеење на родителот кој е државјанин на Република Северна Македонија. Ако сте во странство, раѓањето треба да го пријавите во најблиската  амбасада или во најблискиот конзулат на Република Северна Македонија. 

 

http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=432

Заедно со барањето (формуларот) треба да ги  поднесете следниве документи:

  • Извод од матичната книга на родените на детето;
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија на родителите;
  • Доколку детето е малолетно, согласност од родителот  кој не е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Лична карта на родителот или старателот;
  • Регулирано полномошно, доколку барањето се поднесува од овластено лице. 

Забележете дека формуларот за запишување и формуларот за согласност се издаваат бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

По раѓањето, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија, доколку барем еден од Вас родителите е државјанин на земјата.

Односно, Вашето дете стекнува  државјанство на Република Северна Македонија со потекло кога ќе бидат исполнети следниве услови:

  • Ако и двајцата сте државјани на Република Северна Македонија, вашето дете стекнува државјанство, независно од тоа каде е родено.
  • Ако еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија и ако вашето дете е родено во Република Северна Македонија, тогаш Вашиот брачен другар мора да се согласи со тоа вашето дете да стекне државјанство на земјата.

Доколку вашето дете се роди во странство, а само еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија, тогаш вашето дете ќе стекне државјанство, доколку:

  • Поднесете барање за запишување на Вашето дете во книгата на државјани, пред тоа да наполни 18 години; или
  • Вашето дете се враќа да живее во Република Северна Македонија со Вас, пред да наполни 18 години; или
  • Вашето дете со наполнети 18 до навршени 23 години возраст поднесе барање за запишување во книгата на државјани. 

Забележете дека, доколку другиот родител е непознат или со непознато државјанство, Вашето дете ќе стекне државјанство на Република Северна Македонија со потекло, независно од тоа каде е родено!

  • Со потекло, односно, ако сте родени од родител/родители кој/кои е/се државјанин/државјани на Република Северна Македонија
  • Во исклучителни околности, со раѓање во  Република Северна  Македонија
  • Со природување 

ДРЖАВЈАНСТВО е правна врска меѓу Вас и државата и не го означува Вашето етничко потекло

Согласно Уставот, државјанството на Република Северна Македонија  е уредено со закон и не може да се одземе. Законот со кој се уредува државјанството е Законот за државјанството од 1992 година изменет и дополнет со Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството од 2004 година. 

За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на Република Северна Македонија потребно е: 

  • Извод од матичната книга на родените на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од МКР треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  • ПРИЈАВА за запишување во МКР која треба да биде поднесена од двата родители кои треба лично да ја потпишат во амбасадата. 
  • Патни исправи на родителите
  • Извод од матична книга на венчани за родителите
  • Виза за законски престој на детето и родителите во државата на акредитација на ДКП.
  • Изјава за согласност од едниот родител што е странец, дека се согласува детето да стане наш државјанин.
  • Биографија
  • Извод од МКР на РСМ 
  • Извод од МКВ на РСМ
  • Доказ за обезбеден стан
  • Доказ за постојан извор и висина на средства за егзистенција
  • Уверение дека не се води кривична постапка во РМ
  • Уверение дека не се води кривична постапка во државата чиј државјанин е
  • Уверение од казнена евиденција од држават чиј државјанин е
  • Доказ за потекло (ИМКР за родителите)
  • Прашалник за познавање на македонскиот јазик
  • Контакт адреса во РМ
  • Патувајте со сигурни туристички агенции. 
  • Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови. Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.
  • Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).
  • Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата, градот, телефонскиот број и  името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната, на интернет.

Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без претходно обезбедена национална дозвола за работа или престој се незаконски.

Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови  за  влез  на  сите  државјани  на  други  земји  кои  патуваат  во  Шенген-зоната  се  применуваат.  На  граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното  здравје  или  внатрешната  безбедност,  и  не  треба  да  се  лица  за  кои  се  доставени  предупредувања  за одбивање на нивниот влез во земјата (на пример заради претходно пречекорен период на престој или други причини).

Да. На државјанин на Република Северна Македонија може да не му биде одобрен влез во Шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување.

Краткорочен престој е престој на странец со виза или без виза, во траење не подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена, а кој период му претходи на секој ден на престојот, доколку со закон или со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето.

Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена.

За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Северна Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Државјани на Република Северна Македонија можат да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

Согласно Законот за границите на ЕУ и земјите потписнички на Шенген договорот (Schengen Borders Code), странец кој има намера да престојува во земјите членки на ЕУ и Шенген, ќе влезе доколку поседува валидна патна исправа или друг документ пропишан за преминување на надворешната граница. Патната исправа треба да ги задоволува следниве критериуми: 1)да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од територијата на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор и 2) да е издадена во претходните 10 години.

Од страна на некои прекуокеански држави при влез или за добивање виза се бара патната исправа да е важечка најмалку шест месеци по планираниот датум на заминување и затоа советуваме навремено да ја контактирате најблиската амбасада или конзулат на земјата што имате намера да ја посетите.  

Мени за пристапност