Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Соопштение

Почитувани, Поради влошување на состојбата со КОВИД-19 во Република Косово, нивните власти вчера донесоа нова одлука, која итно уште од денес стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на државјаните на Република Северна Македонија. Со новата одлука, за влез во Република Косово потребно е да се приложи потврда за примена трета доза вакцина против Ковид 19, или потврда за две дози на вакцина заедно со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа. И со новата мерка ограничувањата не важат за влез на малолетни лица до 12 години како и одредени исклучоци кои се поврзани со транзит низ земјата, слетување и полетување на приштинскиот аеродром и други случаи во кои лицата не престојуваат подолго од 3 часа во земјата.

Додека лицата кои не се вакцинирани поради здравствени причини, при влез во Косово се задолжени да поседуваат потврда за истото од доктор специјалист заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата  кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.  Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа. За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа).  Истовремено, Владата на Хонг Конг Специјален Административен Регион донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Република Северна Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон.  Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.   Повеќе информации, на следниот линк: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Средба Османи – Генчовска: Новите мандати на двете влади нудат нова можност за засилување на динамиката на меѓусебните односи

 Во рамките на денешната официјална посета на висока владина делегација од Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари одделна средба со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

 На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што беше изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи.

 Во фокус на разговорите беше претстојната заедничка седница на Владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето на нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи, при што се разгледани конкретни области во кои постои потенцијал за напредок. Со тоа двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности.

„Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме“, изјави министерот Османи по средбата, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес. 

 Соговорниците потврдија дека европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите-кандидати за членство, така и на земјите-членки на Европската унија. Ја изразија посветеноста кон процесот на приближување на регионот кон Европската унија и ја акцентираа важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.

 Во однос на економската соработка, министрите го поздравија растот на трговската размена меѓу двете земји од 30% во текот на 2021 година и ги изразија своите очекувања дека во текот на 2022-та ќе се задржи позитивната стапка на раст на двете економии и трговската размена меѓу нив, како и позитивниот тренд во нови инвестиции, кои треба да бидат и поддржани од двете држави.

 Скопје, 18 јануари 2022 год.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more